Американски војник 6 дена штрајкува со глад пред Белата куќа како поддршка на цивилите во Газа

April 6, 2024
2 mins read

ВАШИНГТОН (АА) 

– Сервет ЃУНЕРИЃОК

Припадник на американските воздухопловни сили Лери Хеберт штрајкува со глад пред Белата куќа од 31. март, повикувајќи да се стави крај на окупацијата на цивилите во Газа, кои се цел на израелски напади, пишува Анадолу.

Хеберт (26), припадник на американските воздухопловни сили и „Ветеран на мирот“, за АА изјави дека е инспириран од отпорот на луѓето во Газа и од припадникот на американските воздухопловни сили, Арон Бушнел, кој се запали пред амбасадата на Израел во Вашингтон велејќи „Нема да бидам дел од овој геноцид“.

Хеберт рече дека сака да учествува во демонстрации повикувајќи на прекин на огнот во Газа и сака да изврши притисок да запре испораката на оружје на Израел.

Тој рече дека земал отсуство од должноста за да ги посети канцелариите на конгресмените.

„Потполно сочувствувам со она што се случува во Газа. Го следам тоа веднаш по 7. октомври и тоа нема врска ниту со човечноста, ниту може да има оправдание. Ова е нешто ми е на ум веќе некое време, бидејќи војската директно е одговорна за помошта на Израел и снабдувањето со оружје. Тоа навистина ме повреди мене лично и многу други луѓе“, рече тој.

Хеберт истакна дена не поставил конкретен рок за неговото дејствување и повика на „ставање крај на окупацијата“.

Напоменувајќи дека сака само позитивна промена во Газа, независно дали се работи за прекин на огнот или за зголемување на хуманитарната помош, Хеберт објасни дека се надева на ставање крај на израелската окупација на палестинските територии.

„Мислам дека дозволувањето на помош преку Рафа е важен чекор“, рече Хеберт.

Наведувајќи дека цел на протестот е поддршка на луѓето во Палестина, како и луѓето да не се плашат да зборуваат, било тоа во војската, Министерството за надворешни работи или во владата, Хеберт истакна дека зема голем ризик правејќи го тоа и би можел да се соочи со сериозни реакции.

„Но подготвен сум да го сторам тоа, бидејќи овие реакции не се ништо во споредба со она низ што минуваат луѓето во Газа“, додаде Хеберт.

На прашањето што неговите колеги мислат за нападите на Израел, Хеберт рече дека има многу мала поддршка за Газа и дека таквата ситуација настанала поради незнаењето што се случува во Газа.

Тој смеат дека луѓето треба да знаат за вистинската ситуација, која трае веќе шест месеци или поточно кажано 76 години.

„Но сметам дека активните припадници, исто така, се плашат да го дигнат својот глас поради можноста да се соочат со реакции, а поддржувањето на Газа, по мое мислење, е отворено спротивставување на нашата надворешна политика“, рече Хеберт.

Запрашан за израелскиот напад на Газа во кој животот го загубија вработените на меѓународната хуманитарна организација Светска централна кујна (СЦК), Хеберт рече дека тоа воопшто не се разликува од она што Израел досега го правел.

„Мислам дека тоа е во согласност со она што се прави во Газа. Тие силно лобираат за намалување на финансирањето на УНРВА (агенцијата на ОН за помош на палестинските бегалци на Блискиот исток). Прават сѐ што можат за да ги земат како цел новинарите за да не можат Палестинците да го документираат геноцидот што го прават над нив. Напаѓаат болници за да создадат хуманитарна криза. Смртта на овие хуманитарни работници генерално е шокантна, но сметам дека, тоа исто така, се вклопува во израелската војна против цивилите“, заклучи Хеберт.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Осомничениот за убиството на малата Данка не открива каде е телото, пред обвинителите рекол дека не се сеќава на тоа

Следно

Словаците избираат претседател меѓу „човек“ на премиерот и прозападен опозиционер

Latest from Blog

Тоневски: Пробиштип годинава без луксузни новогодишни украси

Општина Пробиштип оваа година ќе ја реализира новогодишната декорација на поедноставен начин, соопшти градоначалникот Тони Тоневски. Поради големата финансиска задолженост и висината на цената од 30.000 евра што беше понудена на тендерот,

Сопственикот на TикТок во Кина ја предава мнозинската контрола врз апликацијата на американски инвеститори

Кинеската компанија и сопственик на платформата ТикТок – „БајтДенс“ (ByteDance) објави дека ќе ја предаде контролата на американскиот дел на група инвеститори од САД, со цел да избегне забрана за користење во

АМСМ: Блокиран патот Берово-Струмица поради собир, магла кај Ресен

АМСМ информира дека од 14.50 часот сообраќајот на патниот правец Берово-Струмица е блокиран поради јавен собир. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Намалена видливост поради магла 30-50

Ѓорѓиевски почна голема акција: Нема толеранција кога узурпацијата на јавниот простор е во прашање! (ВИДЕО)

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, информира дека е започната сеопфатна и одлучна акција за расчистување на бесправно изградените и узурпирани објекти, со цел заштита на јавниот интерес и обезбедување слободно, безбедно

Проданоски: Традицијата на Св. Никола е темел на духовноста во Прилеп

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, упати честитка по повод големиот христијански празник Свети Николај Чудотворец – патрон и заштитник на градот, истакнувајќи дека овој ден има особено значење за сите прилепчани. Тој
Go toTop