Американски медиуми: Тајната служба го истражува упадот во домот на советникот за национална безбедност на Белата куќа

May 17, 2023
1 min read

ЊУЈОРК (АА) – Тајната служба започна истрага за тоа како натрапник успеал да влезе во домот на советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џејк Саливан, објавија американските медиуми денес, пренесува Анадолу.

„Упадот се случи среде ноќ кон крајот на април, а Саливан остана неповреден“, истакна портпаролот на Тајната служба, Ентони Гуглиелми, во соопштението.

Саливан се соочил со натрапникот, кој изгледал како да е во алкохолизирана состојба, и му рекол да си замине, според извештаите на медиумите кои се повикуваат на официјални лица.

„Ние ја сфаќаме оваа работа сериозно и отворивме сеопфатна истрага за да ги разгледаме сите аспекти на она што се случило“, рече Гуглиелми.

„Секое отстапување од нашите заштитни протоколи е неприфатливо, и доколку се открие, вработените ќе бидат повикани на одговорност. Исто така, направени се измени на заштитата за да се осигури дека се поставени дополнителни безбедносни слоеви додека го спроведуваме овој сеопфатен преглед.“



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Инѕаги: Никогаш не престанавме да веруваме дека овој Интер е тим за големи нешта

Следно

Британија и Холандија се договорија да формираат меѓународна коалиција за помош на Украина да набави авиони Ф-16

Latest from Blog

Швајцарија ги менува правилата за извоз на оружје, пензискиот ДДВ не доби поддршка, ниту оданочувањето на брачните двојки

Швајцарците на денешниот референдум со тесно мнозинство го поддржаа ублажувањето на прописите за извоз на оружје, покажуваат првичните проекции објавени по затворањето на избирачките места, пренесува швајцарската телевизија СРФ. Според проекциите на

ВМРО-ДПМНЕ го осуди сквернавењето на македонското знаме во Гостивар

ВМРО-ДПМНЕ најостро го осудува симнувањето и сквернавењето на македонското знаме во Гостивар. Македонското знаме е државен симбол и секое негово непочитување треба да биде веднаш санкционирано, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ

Пожар избувна во рафинерија на компанијата „Шеврон“ близу аеродромот во Лос Анџелес- причината е силен земјотрес

Градот Ел Сегундо соопшти дека рафинеријата спровела безбедносно палење на вишокот гас, што е стандардна процедура за време на прекини во производството, вклучително и земјотреси, објави „Калифорнија пост“. Во инцидентот не се
Go toTop