Американски и ирански претставници одржаа одделни средби со пакистанскиот премиер

April 11, 2026
1 min read

Потпретседателот на САД, Џеј Ди Венс, се сретна со Шариф, а на состанокот присуствуваа и специјалниот претставник на САД, Стив Виткоф, и Џаред Кушнер.

Шариф изрази надеж дека разговорите ќе послужат како чекор кон траен мир во регионот, според соопшти кабинетот на пакистанскиот премиер.

Претходно, се одржа состанок меѓу иранската делегација и Шариф, јави Би-Би-Си.

Извор од пакистанската влада изјави за Би-Би-Си дека премиерот Шариф се сретнал со иранската делегација за време на ручекот.

Како и во претходните преговори, можно е пакистанските претставници да се состануваат наизменично и одделно со членовите на делегациите за да утврдат дали може да се постигне напредок по различни точки од предлозите на двете страни.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Сообраќајот на патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози

Следно

Ibrahimi: Autori i “gjuhës 20 për qind”, s’është anonim!

Latest from Blog

Преговорите меѓу САД и Иран започнуваат во Пакистан

Разговорите ќе се одржат во пакистанскиот главен град во услови на засилени безбедносни мерки, поради што властите прогласија дводневен државен празник и ги испразнија улиците во градот. Американската делегација ја предводи потпретседателот
Go toTop