Американската влада повторно „итно му продава оружје“ директно на Израел без барање одобрение од Конгресот

December 30, 2023
1 min read

ВАШИНГТОН (АА) – Американската администрација под водство на Џо Бајден по вторпат се одлучи, врз основа на „итност“, да му продаде оружје на Израел, кој продолжува со нападите на Газа, без одобрение од членовите на Конгресот, известува Анадолу.

Во пишаното соопштение на Канцеларијата за политичко-воени прашања на Министерството за надворешни работи се наведува дека државниот секретар (Ентони Блинкен) одобрил можна продажба на куршумите M107 155 mm и на соодветната опрема на израелската влада за проценета вредност од 147,5 милиони долари.

Агенцијата за одбранбена безбедносна соработка денес го извести Конгресот дека ја дала потребната потврда со која се известува за оваа продажба.

Во соопштението се вели дека државниот секретар Блинкен, детално му образложил на Конгресот дека постои „итна состојба која бара итна продажба на воени материјали и услуги на владата на Израел во интерес на националната безбедност“, а во согласност со членот 36. (б) на Законот за контрола на оружје, „откажувајќи го барањето за ревизија од Конгресот“.

Во изјавата се истакнува: „САД се посветени на безбедноста на Израел. Помагањето на Израел да развие и да одржи силна и подготвена способност на самоодбрана е од витално значење за националните интереси на САД“.

Покрај тоа, во соопштението се вели дека воената опрема и поддршка на Израел „нема да ја смени воената рамнотежа во регионот“ и се истакнува дека „должност на сите земји“ е да ја користат муницијата во согласност со меѓународното хуманитарно право.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Милеј одлучи Аргентина да не влезе во БРИКС сојузот

Следно

Физичка пресметка меѓу малолетници во училница во с.Чучер Сандево – користеле и тврди предмети

Latest from Blog

Стотици муслимани упаднаа во христијански град во Сирија и направија пустош (ВИДЕО)

Нападите во претежно христијанскиот град Сукајлабија во покраината Хама се најновите во серијата напади насочени кон припадници на христијанското малцинство во Сирија. Многу христијани ја напуштија земјата од почетокот на конфликтот пред
Go toTop