Американската морнарица загуби борбен авион Ф-18 од носачот „Хари С. Труман“ во Црвеното Море

April 28, 2025
1 min read

ХАМИЛТОН (АА) – Американски борбен авион Ф-18 и возило за влечење од носачот на авиони „Хари С. Труман“ паднаа во водите оперирајќи во Црвеното Море, соопшти денес американската морнарица, пренесува Анадолу.

„УСС Хари С. Труман (CVN 75) изгуби еден F/A-18E Супер Хорнет од Ескадрилата јуришни ловци (VFA) 136 и возило за влечење додека носачот спроведуваше активности во Црвеното Море“, се вели во соопштението на морнарицата.

Сите припадници на персоналот се во ред, само еден морнар претрпел полесни повреди, додадоа оттаму.

Морнарицата соопшти дека F/A-18E бил „влечен во хангарот кога персоналот ја изгубил контролата врз авионот“, што предизвикало авионот и возилото за влечење да паднат во морето.

„Морнарите што го влечеле авионот презеле итни мерки за да се оддалечат од авионот пред да падне во морето“, се вели во соопштението.

Истрагата за инцидентот е во тек.

Истакнувајќи дека „Јуришната група на носачот на авиони ‘Хари С. Труман’ и Воздухопловното крило на носачот остануваат целосно способни за мисии“, се нагласува во соопштението и се додава дека Јурушната група ги вклучува „Хари С. Труман“, деветте ескадрили на Воздухопловното крило 1 на носачот на авиони, три уништувачи со наведувани ракети од Ескадрилата уништувачи 28 и крстосувачот „Гетисбург“.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Кривични против поранешни вработени во МВР за злоупотреба на службената положба и овластување

Следно

По 14 денови прекината блокадата на РТС

Latest from Blog

Затворен аеродромот во Брисел – забележан бил дрон

Аеродромот во Брисел е привремено затворен откако вечерва беше забележан дрон, според белгиската служба за контрола на воздушниот сообраќај и портпаролот на аеродромот. Портпаролката изјави дека и дојдовните и појдовните летови во

3 најчести женски сексуални фантазии! Многу ги сакаат, но се срамат да го признаат тоа

ајчесто жените не ги споделуваат своите сексуални фантазии со партнерите, тоа го потврдила и една онлајн анкета во која жените откриле што би сакале да пробаат во кревет. Секс пред огледало Нема

Градоначалникот Коњановски ги додели наградите 4-ти Ноември за култура и образование

На свечената академија по повод 81-вата годишнина од ослободувањето на Битола, беа доделени традиционалните општински награди за најуспешни поединци и институции. Највисоката награда за животно дело годинава му беше доделена на ликовниот
Go toTop