Амбулантите преполни од грип: Пикот се очекува во февруари, најпогодени децата

January 20, 2025
1 min read

Респираторните инфекции се во пораст, а амбулантите низ целата земја се преполни со пациенти заболени од сезонски грип. На Клиниката за детски белодробни заболувања во Козле, дневно се вршат до 200 прегледи, а хоспитализирани се 70 деца, најголем дел од нив доенчиња и деца до пет години. Според докторите, оваа зголемена бројка на заболени деца е резултат на новиот бран на грип.

„Бројот на прегледите е значително зголемен, особено кај доенчињата и малите деца. Грипот сега се јавува во сите возрасни групи, но во ова време имаме повеќе заболени од вообичаено меѓу најмалите“, велат лекарите. Таа додаде дека епидемијата е поврзана со сезонскиот грип, кој се шири побрзо оваа зима.

Клиниката за инфективни болести, исто така, бележи пораст на респираторни инфекции. Но, како што велат здравствените власти, состојбата е под контрола и нема простор за паника. Компликациите од грипот најчесто се јавуваат кај постарите пациенти, особено оние со хронични болести.

Од Комисијата за заштита од заразни болести информираа дека состојбата се следи внимателно, но засега нема потреба од дополнителни мерки. Според епидемиолозите, пикот на грипот се очекува во средината на февруари.

Здравствените власти апелираат на граѓаните да се консултираат со матичните лекари и да не се упатуваат директно во болниците, доколку не е неопходно.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Министерот Ристовски со цврсти аргументи ги разобличи нападите од опозицијата

Следно

ФОТО: Еве од каде Мицкоски ја следеше инаугурацијата на Доналд Трамп

Latest from Blog

Божиновска: Повисоки плати за поефикасна и одговорна администрација во Министерството за енергетика

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска и претседателот на САДУ – Синдикатот на администрацијата и државната управа, Благоја Ралповски, официјално го потпишаа поединечниот колективен договор со кој се предвидува

Коњановски: Широк сокак ќе добие европски изглед

На денешната седница на Советот на Општина Битола свое обраќање имаше градоначалникот на Битола Тони Коњановски. Во продолжение интегрално го објавуваме неговиот говор. „Како Општина сериозно и темелно ги решаваме проблемите во

Нови гнасотилаци од лабораторијата на лаги на Сашка Цветковска

Во својата последна видео-сторија под наслов „Цената на правдата“, во која се зборува за наводни злоупотреби на вишите јавни обвинители Мустафа Хајрулахи и Јове Цветановски, ИРЛ и уредничката Сашка Цветковска пласираат шпекулација
Go toTop