Амбулантите преполни од грип: Пикот се очекува во февруари, најпогодени деца

January 20, 2025
1 min read

Респираторните инфекции се во пораст, а амбулантите низ целата земја се преполни со пациенти заболени од сезонски грип. На Клиниката за детски белодробни заболувања во Козле, дневно се вршат до 200 прегледи, а хоспитализирани се 70 деца, најголем дел од нив доенчиња и деца до 5 години. Според докторите, оваа зголемена бројка на заболени деца е резултат на новиот бран на грип.

„Бројот на прегледите е значително зголемен, особено кај доенчињата и малите деца. Грипот сега се јавува во сите возрасни групи, но во ова време имаме повеќе заболени од вообичаено меѓу најмалите“, велат лекарите. Таа додаде дека епидемијата е поврзана со сезонскиот грип, кој се шири побрзо оваа зима.

Клиниката за инфективни болести, исто така, бележи пораст на респираторни инфекции. Но, како што велат здравствените власти, состојбата е под контрола и нема простор за паника. Компликациите од грипот најчесто се јавуваат кај постарите пациенти, особено оние со хронични болести.

Од Комисијата за заштита од заразни болести информираа дека состојбата се следи внимателно, но засега нема потреба од дополнителни мерки. Според епидемиолозите, пикот на грипот се очекува во средината на февруари.

Здравствените власти апелираат на граѓаните да се консултираат со матичните лекари и да не се упатуваат директно во болниците, доколку не е неопходно.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Обинителството истражува: Дали трето лице им помагало на Груби и Беџети во случајот за кој се најдоа на црната листа?

Следно

Израелското списание „Lamed“ објави новела од Томислав Османли

Latest from Blog

Мерц остро одговори на заканите на Трамп: Доколку сакате да помогнете…

На конференцијата „Иницијатива за идни инвестиции“ (FII) во Мајами Бич, Флорида, Трамп прво повторно ги нападна сојузниците на НАТО, Франција и Велика Британија. Потоа се сврте кон Германија. „Германскиот канцелар – сите

Мерц остро одговори на заканите на Трамп: Доколку сакате да помогнете…

На конференцијата „Иницијатива за идни инвестиции“ (FII) во Мајами Бич, Флорида, Трамп прво повторно ги нападна сојузниците на НАТО, Франција и Велика Британија. Потоа се сврте кон Германија. „Германскиот канцелар – сите

Министерството за спорт и САДУ потпишаа колективен договор: Етапно зголемување на платите до 21% и бројни придобивки за вработените

Министерството за спорт претставено од министерот Борко Ристовски и Синдикатот на администрација, државна управа и правосудство (САДУ), претставуван од претседателот Благоја Ралповски, денеска склучија Колективен договор за вработените во Министерството. Ова, како
Go toTop