Амандманска расправа за измените на Кривичниот законик во матичната собраниска комисија

January 23, 2026
2 mins read

На денешната седница на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците е Предлог на Законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик во второ читање, поднесен од девет пратеници од ВМРО-ДПМНЕ за кој се поднесени 13 амандмани.

За Предлог Законот поднесени се 13 амандмани, од кои девет од пратеничката на Нова социјалдемократска партија Соња Мираковска, два од пратеничката на Левица Јована Мојсоска и по еден од пратеничките на ВМРО-ДПМНЕ Драгана Бојковска и на Либерално-демократска партија Моника Зајкова.

Како што се посочува во образложението објавено на собраниската веб-страница, целта на овој закон е  отстранување на слабостите во постојните одредби ОД Кривичниот законик и постапување во согласност со решението на Уставниот суд од 12 февруари 2025 година објавено во „Службен весник на Република Северна Македонија“ број 58/25. Tенденцијата на предложените законски измени и дополнувања, како што се наведува, е унапредување на одредбите за законските битија и заострување на казнената политика преку зголемување на постојните пропишани казни за кривичните дела злоупотреба на службената положба и овластувањето од член 353, И злосторничко здружување од член 394.

– На овој начин би се отстраниле лоцираните слабости во постојните одредби на овие кривични дела, особено во заострувањето на казнената политика во насока на повторно остварување на нејзината превентивна и репресивна функција. Воедно, со овој пристап ќе се постапи во согласност со забелешките во извештајот на Европската комисија за 2023 година и повторно ќе се воспостави реална и добра правна рамка за зајакнување на борбата против високата корупција.

Со Предлог измените и дополнувањата на Кривичниот законик за што е користена компаративна анализа подготвена во Собранието, се воведува и ново кривично дело – инкриминирање на злоупотребата на туѓа снимка, фотографија, аудиозаписи или списи со сексуално експлицитна содржина.

– Поаѓајќи од злоупотребите на приватноста и утврдените правни празнини во постојните одредби на Кривичниот законик при нивното спроведување во практиката, недвосмислено се наметна потребата за воведување ново кривично дело, односно инкриминирање на злоупотребата на туѓа снимка, фотографија, аудиозаписи или списи со сексуално експлицитна содржина. Со тоа предложеното кривично дело во законското битие како објект на заштита ја има приватноста, а елементот на дејство на извршување претставува сторителот на трето лице да му направи достапна видео или друга снимка, фотографија, аудиозапис или спис со сексуално експлицитна содржина, без согласност на лицето на кое тој спис се однесува, односно без согласност на лицето што е прикажано на снимката, фотографијата или чиј глас е снимен на аудиозаписот, се вели во предлог-законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик.

Со предлог-законот е опфатена и одредбата за проширената конфискација, т.е. членот 98-а, во насока на проширување на опфатот на кривични дела за кои би можела таа да се примени. Исто така, се врши и доусогласување со Истанбулската конвенција преку редефинирање на кривичното дело телесна повреда од член 130 на Кривичниот законик со отстранување на гонењето по предлог во случаи кога делото е сторено при вршење родово базирано насилство, насилство врз жена или семејно насилство или од омраза или спрема лице кое е посебно ранливо поради неговата возраст, тешките телесни или душевни пречки или бременост, со што овој облик на делото ќе се гони по службена должност.

– Поради лоцираните слабости во практиката, а со цел нивно надминување, се предлага и вградување два нови облика кај кривичното дело трговија со дете заради надминување на состојбите со питањето. Покрај овие предлог-измени и дополнувања, предлог-законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик содржи и измени, кои се итни, а имаат карактер на техничко појаснување и подобрување на одредени одредби, и тоа кај куќниот затвор, условната осуда со заштитен надзор и проширената конфискација. Од наведеното јасно произлегува дека предлог-законот и во него содржаните законски решенија се неопходни како правни механизми за да се отстранат идни евентуални штетните последици од донесените законски измени на Кривичниот законик во септември 2023 година, а воедно и за исполнување на европските и меѓународните стандарди воопшто, се посочува во образложението.

Предлог-законот содржи и одредби за хармонизирање на кривичните дела против безбедноста во сообраќајот и одземањето предмети со пакетот предлог-закони поврзани со проектот „Безбеден град“.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Бројот на собата во хотелот може да ви го расипе одморот – Еве што треба да избегнувате

Следно

Луѓето кои редовно читаат книги живеат 23 месеци подолго од оние кои воопшто не читаат

Latest from Blog

Do të ulet çmimi i naftës

Agjencia Ndërkombëtare e Energjisë (International Energy Agency) po shqyrton një lirimin rekord të rezervave strategjike të naftës, një veprim që tashmë ka filluar t’i “ftohë” bursat botërore. Pas paralajmërimeve për aksionin më

Меџити го промовираше новото игралиште на ФК Шкупи во Чаир

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, информираше дека е завршен уште еден значаен проект за развој на спортската инфраструктура во општината – помошното игралиште на стадионот на ФК Шкупи. Како што соопшти

САД ги предупредија цивилите да ги избегнуваат пристаништата што ги користат иранските сили

Центком соопшти дека „иранскиот режим користи цивилни пристаништа за воени операции кои ја загрозуваат меѓународната пловидба“. „Оваа опасна акција ги ризикува животите на невини луѓе“, се вели во пораката со предупредување. Се

Николоски пред претставници на СБ ги презентирал плановите за коридорите 8 и 10 и модернизацијата на железницата

Ги отворивме можностите за зголемување на партнерството со Светска банка во поддршка на клучни развојни проекти во земјата. Заемната соработка на Македонија и носат догорочен раст и зголемена конкурентност, наведува во објава

160.000 работници се сиромашни

Пред протестот, ССМ удира со бројка: 160.000 работници под прагот на сиромаштија, со што синдикатот директно ја засилува пресметката со Владата и работодавачите околу минималната плата. Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, денеска
Go toTop