Амандманска расправа по Предлог законот за Jавното обвинителство

March 19, 2026
1 min read

Во рамки на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците денеска ќе се одржи амандманска расправа по Предлог на законот за Jавното обвинителство, во второ читање.

За Предлог на законот за Jавното обвинителство се поднесени 27 амандмани од пратеничките групи, а според најавите ќе има и комисиски амандмани.

Претседателот на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците, Љупчо Пренџов вчера на прес-конференција  информира дека 13 амандмани се поднесени од ДУИ, 10 од СДСМ и 4 од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. Пренџов нагласи дека со предлог-законот за Јавното обвинителство се доближуваме чекор поблиску до остварување на реформската агенда и до Европската Унија.

Предлог-законот предвидува модернизација на постојната законска рамка, воведување јасен мерит-систем за избор, унапредување и оценување на обвинителите, како и зајакнување на гаранциите за нивната самостојност.

Меѓу клучните новини се поефикасен систем за оценување, прецизирани критериуми за професионалност, подобрено управување со предметите и подетализирана дисциплинска постапка со јасни рокови и механизми за спречување злоупотреби.

Законот ги зголемува и стандардите за транспарентност при изборот на јавниот обвинител, преку јавни седници на Советот на јавни обвинители, јавно презентирање на програмите на кандидатите и објавување на нивните биографии.

Министерот за правда Игор Филков изјави дека со ова законско решение се отстрануваат долгогодишни слабости во системот, како недоволна отчетност, нејасни критериуми за унапредување и бавни истражни постапки.

– Зошто беше потребна оваа реформа? Затоа што со години се наталожуваа слабости, недоволна отчетност, нејасни критериуми за унапредување, недоверба во дисциплинските механизми, бавни истраги и сомнежи на влијање. Во процесот на изготвување на законот беа оддржани дебати со поддршка на ЕУ, консултации со стручната и општата јавност преку ЕНЕР платформата, како и усогласување со мислењата на сите релевантни институции, рече министерот.

Тој посочи дека во подготовката на законот биле вклучени препораките од ГРЕКО, Венецијанската комисија, Европската комисија, како и насоките од Реформската агенда и Патоказот за владеење на правото. Според него, донесување на овој предлог закон е од круцијално значење за исполнување на два чекори од реформската агенда во областа на владење на правото.

-Со новиот закон воведуваме јасен мерит систем за избор, унапредување и оценување на обвинителите. Предлог законот воведува поефикасен систем на оценување, при што редовното оценување ќе се врши на секој три години на место досегашните четири. Значајна новина и зајакнувањето на транспарентност во постапката за избор на јавниот обвинител на Македонија се воведува појасна, пообјективна и поефикасна дисциплинска постапка, нагласи тој.  (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Сите брзо ќе заборават на 7:2: Барселона подготвува трансфер-бомба

Следно

ИЗРАЕЛ ВЕЌЕ НЕМА ДА НАПАЃА ЕНЕРГЕТСКА ИНФРАСТРУКТУРА – ако Иран му се настрви на Катар, ќе се соочи со ПЕКОЛ од САД

Latest from Blog

Општина Битола: Просторот зад СВР се трансформира во функционален јавен простор

Се уредува просторот зад зградата на СВР Битола, односно парцелата која досега претставуваше неорганизирана земјена површина. Со проектот е предвидено партерно уредување со бехатон плочки на површина од околу 800 квадратни метри.

Божиновска: Младите ја градат свесноста за богатствата на Македонија

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска се сретна со ученичките Марија, Јасемин и Ангела од гимназијата „Ѓорѓи Димитров“ во Скопје, кои стојат зад документарниот филм посветен на македонскиот рубин.

Македонскиот скулптор Ангел Коруновски со изложбата „Лица“ во КИЦ Белград ја афирмира македонската уметност

Македонскиот скулптор Ангел Коруновски се претстави пред белградската публика со својата најнова изложба „Лица“, која беше отворена во Културно-информативниот центар (КИЦ) во Белград. Изложбата претставува значаен културен настан и уште еден пример

ВЛЕН се обединува во единствен политички субјект – почеток на нова политичка ера во Македонија

Коалицијата ВЛЕН влегува во нова фаза на политичко делување со најавата дека ќе функционира како единствен политички субјект, процес што веќе е започнат и постепено се интензивира. Според информациите, целта е да

ИЗРАЕЛ ВЕЌЕ НЕМА ДА НАПАЃА ЕНЕРГЕТСКА ИНФРАСТРУКТУРА – ако Иран му се настрви на Катар, ќе се соочи со ПЕКОЛ од САД

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Израел повеќе нема да извршува напади врз главните објекти за природен гас во Иран. Неговата изјава доаѓа во време на зголемени тензии и се чини дека
Go toTop