Алварес ја потврди намерата на Шпанија да ја признае палестинската држава

April 24, 2024
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Шпанскиот министер за надворешни работи Хозе Мануел Алварес денес ја потврди намерата на Шпанија да ја признае палестинската држава, нагласувајќи го тоа како чекор кон обезбедување на дводржавното решение, како и траен мир на Блискиот Исток, јавува Анадолу.

„Сакаме да ја признаеме палестинската држава за да биде иреверзибилно дводржавното решение, што е исто што и правењето мирот на Блискиот Исток да биде иреверзибилен“, рече Алварес за време на неговото обраќање во шпанскиот Парламент, предизвикувајќи ја опозицијата на различните аспекти од владините политики.

Министерот ја истакна посветеноста на владата за „хуманитарна помош“ во Газа, бранејќи го зголемувањето на „доброволните донации за УНРВА“, чија цел е да им се помогне на Палестинците на кои им е потребна.

„Тоа е она што го отфрливте во овие простории вчера, поддршката на храната и образованието за момчињата и девојчињата“, тој ја критикуваше опозицијата за отфрлање на иницијативите за обезбедување храна и образование за децата, нагласувајќи ја виталната важност на таквата помош.

Понатаму, Албарес го доведе во прашање несогласувањето на Парламентот со напорите на Владата, од негувањето цврсти меѓусоседски односи до поддршката на меѓународните мировни иницијативи.

Тој го нагласи значењето на одржувањето силни врски со соседните земји, особено со оние што „делат граница“ со Шпанија.

Албарес, исто така, го повтори залагањето за континуирана „поддршка на Украина“ и го истакна значењето на дипломатските напори за мир во светот.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Уапсен пратеникот кој физички нападна друг пратеник во грчкиот Парламент

Следно

Ердоган: Нетанјаху ја загрозува безбедноста на целиот наш регион

Latest from Blog

УНИЦЕФ: Поради израелските напади, протерани се 370.000 деца во Либан

Ова е едно од најбрзите и најголемите раселувања во историјата на земјата, соопштија претставници на УНИЦЕФ, агенцијата на ОН за деца. Израел започна тешка воздушна и копнена офанзива врз Либан откако Хезболах,

Муцунски: Критиките од Бугарија за т.н. непочит на малцинските права не се базирани на факти, туку се гола политика која не им служи на двете држави

Природата на актуелната блокада и на сите потенцијални блокади, се поврзани со политика, а не со суштина. Да беа поврзани со суштина немаше да бидеме во оваа ситуација зашто сме земја пример
Go toTop