Алтун: Технологијата за вештачка интелигенција стана реалност во медиумскиот свет

December 13, 2023
2 mins read

АНКАРА (АА) – Шефот на Дирекцијата за комуникации при Претседателството на Република Туркије, Фахретин Алтун, изјави дека технологијата за вештачка интелигенција станала важна реалност и во медиумскиот свет, јавува Анадолу.

Алтун се обрати на форумот „Управување со вештачката интелигенција во медиумите“ во турската престолнина Анкара, кој се одржа во соработка со Анадолу и Билисим Вадиси (ИТ-долина).

„Со водство на нашиот претседател Реџеп Таип Ердоган, новата ера ја дефинираме како век на комуникацијата и дигитализацијата и работиме на правичната употреба на технологиите за вештачка интелигенција во медиумите“, рече Алтун.

Тој особено ја нагласи важноста на управувањето со вештачката интелигенција наместо само користење или блокирање на вештачката интелигенција во медиумите.

Алтун изјави дека вештачката интелигенција претставува сериозни предизвици од една страна, но нуди и големи можности.

„Свесни сме дека технологијата за вештачка интелигенција сега е важна реалност на медиумскиот свет. Многу е јасно дека овде не ни треба оптимизам или песимизам, треба да бидеме реални. Не треба да има место за технолошки детерминизам и технофобија кога ние зборуваме за вештачка интелигенција“, рече тој.

Тој објасни дека најосновна карактеристика на вештачката интелигенција е нејзината способност да учи, анализира податоци, решава проблеми и да се приспособува на новите предизвици.

Коментирајќи го прашањето за употребата на вештачката интелигенција во медиумите, тој посочи дека сѐ повеќе се зборува за практиката на продукција на вести.

„Сите знаеме дека вештачката интелигенција има способност брзо да произведува вести преку анализа на многу податоци и способности за обработка на јазикот. Поради оваа причина, знаеме дека вештачката интелигенција стана многу привлечна во медиумите. Вештачката интелигенција може да понуди и персонализирана содржина за медиумски потрошувачи со своите алгоритми. Друг начин на користење на вештачката интелигенција во медиумите е анализата, класификацијата и означувањето на визуелните содржини“, рече Алтун и додаде:

„Кога ќе ги земеме предвид сите овие предности и можности на вештачката интелигенција, дали само треба да се олабавиме и да уживаме? Се разбира дека не, ние го немаме тој луксуз. Треба добро да погледнеме со какви предизвици се соочуваме во медиумите користејќи вештачки интелигенција и како може да ги надминеме“, рече тој.

Тој нагласи дека најголем ризик во медиумскиот простор што го регулира вештачката интелигенција е сензационалната содржина да стане главен референтен извор и репродукција на сензационални текстови наместо добро проучени текстови.

„Ако ги ставиме луѓето, културата и историјата во фокусот, употребата на вештачката интелигенција во медиумите може да биде сигурна. Во спротивно, ќе ја изгубиме нашата референтна точка и ќе бидеме осудени на анархија и хаос“, рече Алтун.

На крајот, тој посочи дека ако денес зборуваме за праведен медиумски поредок заснован врз вистината на глобално ниво, тогаш „како човештво мора да воспоставиме здрава рамнотежа меѓу правдата и моќта за да обезбедиме мир, просперитет и стабилност на глобално ниво“.

На форумот присуствуваа и претседателот на Управниот одбор и генерален директор на Анадолу, Сердар Карагоз, генералниот директор на Билисим Вадиси, Еркам Тузген, и други официјални лица.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Министерството за правда ќе направи напори екстрадирањето на Палевски да се случи во најскорен можен рок

Следно

Аврамовска-Мадиќ: Наскоро очекуваме одговор кога најбрзо би бил екстрадиран Палевски

Latest from Blog

Меџити: Поставена мерна станица во Трубарево за 24-часовен мониторинг на воздухот

Поставена мерна станица која ќе биде на функција 24 часа Првиот заменик на претседателот на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, денеска повторно беше на теренска посета

Папата Лав Четиринаесетти наполни 70 години

Официјална свеченост по повод роденденот на папата не е предвидена во Ватикан. Во својата традиционална неделна молитва Лав Четиринаесетти денеска му се заблагодари на Бог, на своите роднини и на сите кои

Андрулакис: Победа на ПАСОК и пораз на Нова демократија значи промена за Грција

Политичката промена за Грција поминува преку пораз на денешната Влада, преку пораз на Нова демократија. Победа на ПАСОК и пораз на Нова демократија значи промена за земјата, нагласи лидерот на грчката опозициска

Селта се спаси од пораз на домашен терен

Со гол постигнат во втората минута од судиското продолжение, тимот на Селта предмалку се спаси од пораз на свој терен во дуелот против Џирона, кој што заврши со конечен резултат од 1:1.

На 46-години почина легендарниот боксер Рики Хатон

Трагична вест пристигнува од Манчестер, каде утрово е пронајден мртов Рики Хатон, една од најголемите британски боксерски легенди. Безживотното тело на 46-годишниот Хатон било пронајдено во неговиот дом во Хајд, во реонот
Go toTop