Алкараз: Се обидувам да најдам време за голф, тоа ми помага да играм подобар тенис

March 13, 2025
1 min read

Светскиот рекет број 3, Карлос Алкараз, откри како сака да го поминува времето надвор од теренот во Индијан Велс, САД.

– Ми се допаѓа овде затоа што имам можност да поминувам време со тимот, со моето семејство, а исто така да трошам време на себе. Сакам да играм голф, овде е рај за овој спорт. Се обидувам да најдам време да играм голф за да си ја разбистрам главата. Многу ми помага да играм добар тенис, изјави Алкараз за „Tennis.com“.

Во четвртото коло на турнирот, 21-годишниот Шпанец ноќеска го победи Бугаринот Григор Димитров. Натпреварот траеше 1 час и 14 минути и заврши со победа на Шпанецот со резултат 6:1 и 6:1.

Следен противник на Алкараз ќе биде Аргентинецот Франциско Серундоло.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Молитвата терави првпат по 12 години извршена во џамијата Омајад во Алепо

Следно

ОЈО ГОКК го обжали решението за куќен притвор на Јахоски

Latest from Blog

ФФМ избра: Гоце Седлоски ќе ја предводи македонската репрезентација

Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) на денешната седница донесе одлука за избор на нов селектор на македонската А репрезентација. За нов селектор е именуван Гоце Седлоски. Членовите на највисокото

ТРАГИЧНА СУДБИНА НА АКТЕРОТ ЏЕЈМС РЕНСОН Си го одзел животот по години борба со зависност и трауми од детството

Светските медиуми јавуваат за смртта на американскиот актер Џејмс Ренсон, кој извршил самоубиство со бесење. Веста првично ја објави TMZ, а подоцна беше потврдена и од Канцеларијата на медицинскиот испитувач на округот

Сѐ повеќе луѓе ги минуваат празниците сами! Празничните очекувања водат до стрес и традициите се менуваат

Големите семејни собири, обемните подготовки, празничните патувања и купувањето подароци можат драматично да го зголемат нивото на стрес. Но, сѐ поголем број луѓе почнуваат да се прашуваат дали навистина мора да биде

Граничните премини кон Грција ќе бидат отворени за КАТОЛИЧКИ БОЖИК И ЗА НОВА ГОДИНА

Граничните премини кон Грција ќе бидат отворени за патниците за време на католичкиот Божик и за Нова година, информираа грчките медиуми откако земјоделците одлучија да направат пауза и да им овозможат на

Винисиус влезе во војна со навивачите: По свирежите на „Бернабеу“ ја смени сликата од Реал на Инстаграм

Реал славеше на последниот натпревар против Севиља со 2-0 на домашен терен, но главната приказна на натпреварот беше исвиркувањето на бразилскиот напаѓач Винисиус од домашните навивачи. Вини беше капитен на натпреварот против
Go toTop