Алкараз е нов „крал“ на Вимблдон, Новак Ѓоковиќ загуби во битката од пет сета

July 16, 2023
1 min read

„Ја имаш способноста да ја „кренеш играта“ со големи поени, во големи ситуации, и апсолутно го заслужуваш ова“, му честиташе Ѓоковиќ (36) на Алкараз (20), во говорот по завршувањето на мечот

„Ти ме инспирираш многу. Почнав да играм тенис гледајќи те. Ти веќе освојуваше турнири кога јас сум бил роден“, му возврати Алкараз на Ѓоковиќ кога дојде време за неговото обраќање по мечот

Карлос Алкараз е новиот шампион на Вимблдон. Доцна попладнево тој го совлада седумкратниот победник на најпрестижниот тениски турнир на трева во светот, Новак Ѓоковиќ.

Битката траеше пет сета. Првиот, релативно лесно и брзо, го доби Ѓоковиќ со 1:6. Алкараз успеа да се врати во вториот сет со 7:6 и тоа по тајбрејк кој го доби со 8:6. Алкараз потоа играше „со крилја“ и го доби третиот сет со 6:1, но Ѓоковиќ не се предаде и возврати во четвртиот сет со 3:6. Последниот сет му припадна на Алкараз, кој го доби со 6:4.

Карлос Алкараз

„Ова е остварување на моите соништа. Реков и претходно дека ќе биде одлично ако победам, но ќе бев горд на себе дури и ако изгубев. Да создаваш историја на овој прекрасен турнир, да играш финале против легенда на спортот. Ова е остварување на сон“,

изјава Алкараз по мечот.

Дел од говорот новиот шампион го посвети на Ѓоковиќ.

„Морам да му честитам на Новак, беше неверојатно да се игра против него. Ти ме инспирираш многу. Почнав да играм тенис гледајќи те. Ти веќе освојуваше турнири кога јас сум бил роден. Рече дека 36 се новите 26 и го остваруваш тоа. Тоа е неверојатно“,

изјави Алкараз.

Ѓоковиќ со евентуална победа ќе го освоеше осмиот пехар на Вимблдон и со тоа ќе се израменеше на првото место со Рожер Федерер, според бројот на освоени титули на турнирот. Сепак, српскиот тенисер не потона во каење по настапот, туку изрази голема почит кон својот противник.

Новак Ѓоковиќ

„Добар ден на сите, не баш за мене, но добар е за Карлос. Морам да започнам со пофалба за Карлос и неговиот тим. Каков само квалитет на крајот на мечот кога мораше да сервираш. Ја имаш способноста да ја „кренеш играта“ со големи поени во големи ситуации и апсолутно го заслужуваш ова. Неверојатно.

Мислев дека ќе имам проблеми со тебе на други подлоги, но не и на трева. Сега, од оваа година, приказната е очигледно поинаква. Ти честитам, неверојатно е како се прилагоди на подлогата“,

изјави меѓудругото Новак Ѓоковиќ.

Новак Ѓоковиќ има 36 години. Тој стана тенисер со најголем број на титули на „грен-слем“ турнирите во историјата на овој спорт кога го освои Ролан Гарос пред околу два месеци.

За 20 годишниот Карло Алкараз ова е втора „грен-слем“ титула. Со победата во Вимблдон сериозно се наметнува како следниот голем играч во тенисот.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Четврто издание на Галичник филм фестивал од 4 до 6 август

Следно

Млада мајка се обидела да го задуши своето 9-месечно бебе во околината на Кладово

Latest from Blog

КОШУТИЌ: Институциите да утврдат дали има одговорност за наодите од ревизијата

Генералниот директор на ЖРСМ Транспорт, Дејан Кошутиќ, очекува надлежните институции, меѓу кои и Јавното обвинителство, да ги разгледаат наодите од конечниот извештај на Државниот завод за ревизија и да преземат мерки во

Нови перспективи за новото лидерство: заврши 17. Школа за млади лидери на претседателот Иванов

Со завршна свеченост во хотелот „Инекс Олгица“ во Охрид, на 6 ноември заврши седумнаесеттата Школа за млади лидери на претседателот Иванов, посветена на темата „Нов свет. Ново лидерство. Нов прагматизам“. Годинашното издание

„И Здравје и Работа“: Македонија треба да ги следи европските политики за критични суровини и да создаде услови за одговорно рударство

Европскиот извештај е поттик за усогласување на законодавството, развој на рударството и искористување на потенцијалот на домашните минерални ресурси Европската Унија јасно укажува дека критичните минерални суровини имаат стратешко значење за европската

„Паркинзи Битола“: Приходот од 2.747 СМС-пораки за роденденот на градот ќе оди за хуманитарни цели

И покрај тоа што паркирањето во Битола било бесплатно по повод „Роденденска Битола“, 1.363 корисници испратиле вкупно 2.747 СМС-пораки за регулирање на паркинг-сесиите, соопштија од „Паркинзи Битола“. Од јавното претпријатие најавија дека

Ангел Анѓушев: Добрата цена сама по себе не е доволна за успех на странските пазари

Квалитетот на производите и доследното почитување на меѓународните стандарди се предуслов за компаниите да бидат конкурентни на странските пазари, порача Ангел Анѓушев, оперативен директор на „Грин машинс“ и член на Управниот одбор
Go toTop