Алкалоид со важна информација за влезот во „Борис Трајковски“, еве кога се отвораат вратите

May 25, 2025
1 min read

РК Алкалоид ги информира посетителите на финалето против РК АЕК од Атина во Европскиот Куп на ЕХФ дека влезовите на СЦ „Борис Трајковски“ ќе бидат отворени во 18:45 часот и ќе се затвораат во 20:00 часот!

Од клубот ги замолуваат сите посетители да дојдат во сала навремено, со цел да се избегне метеж при влезот, како и при стандардната проверка на билетите!

– Се гледаме во сала! Заедно да го бодриме нашиот тим коректно и достоинствено, да уживаме во ракометниот празник и да навиваме за РК Алкалоид, обајви клубот.

Ракометарите на Алкалоид вечер во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје ќе го играат најважниот натпревар во својата четиригодишна историја. Тие се домаќини на грчки АЕК во реваншот на ЕХФ Европскиот куп.

Алкалоид од Атина донесе четири голови предност (29:25) кои се надеваме ќе бидат доволни за освојување на трофејот.

Предводникот на Алкалоид, тренерот Кирил Лазаров, побара од неговите избраници да бидат смирени и да не подлегнат на психолошкиот притисок.

За остварување на целта, македонскиот претставник ќе има голема поддршка од навивачите кои експресно ги купија билетите.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

На 53.939 се зголеми бројот на убиени Палестинци во израелските напади врз Газа

Следно

Тешко повреден скопјанец, го удрила локомотива

Latest from Blog

ВМРО-ДПМНЕ: Член на ЦО на Филипче, станал директор на фирма блиска на семејството Заеви, ете зошто СДС не се оградува од Заев

Блискоста на Заев и Филипче и ден денес се негува, доказ за тоа е новиот директор на фирмата Сара Инженеринг ДОО Струмица, која е блиска до семејството Заеви, велат во партиското соопштение

Руски шпионски сателити ја снимале базата на „забранетиот остров“ – „АКО ГО НАПРАВАТ ТОА ТРИ ПАТИ, ЗНАЕМЕ ШТО СЛЕДИ!“

По обидот за ирански напад, Русија ја фотографирала базата на „забранетиот остров“ Диего Гарсија, кој се наоѓа на островите Чагос, јавуваат украинските разузнавачки служби, пишува The Telegraph. Вододимир Зеленски, претседателот на Украина,

Во Париз одбележани 95 години од смртта на д-р Атанас Коцарев, истакнат македонски онколог

Во организација на здружението „Заборавени Македонци“ од Париз и париската општина Бонди денеска на старите градски гробишта се одржала комеморација за истакнатиот македонски онколог и светски признат научник охриѓанецот д-р Анастас Коцарев
Go toTop