Алиу: Здравствениот систем на 21-от век се гради со дигитална инфраструктура која овозможува податоците да се движат заедно со пациентот

November 8, 2025
1 min read

„Здравствениот систем на 21-от век не се гради само со ѕидови, апарати и процедури, туку се гради со податоци, со интеграција, предвидување и дигитална инфраструктура во здравството “, порача министерот за здравство, Азир Алиу во обраќањето на отворањето на Саемот за медицина, стоматологија и фармација – Health Innovation Expo 202, кој денес и утре се одржува во Скопје во организација на Комората на приватно здравство на Македонија.

Министерот Алиу истакна дека преку дигитализацијата се поставува основата на здравство кое учи, анализира и реагира навреме, односно на здравствен систем кој не чека да се појави проблем, туку ги предвидува и спречува проблемите.

„Настаните од овој вид значат многу повеќе од една заедничка средба меѓу професионалци и државни институции. Значи дека податоците ќе треба да се движат заедно со пациентот, а не пациентот со податоците и ние ќе работиме во оваа насока. Лекарите ќе имаат целосно точна и моментална инфраструктура на здравствената историја на секој пациент, а пациентот ќе има контрола, увид и сигурност, односно ќе ги следи сите здравствени податоци за себе“, рече министерот Алиу и додаде дека станува збор за нов модел по кој што работи целито свет за креирање на здравствена инфраструктура која што делува, а не што е реактивна.

Министерот Алиу појасни дека дигитализацијата реално не е услуга, туку дека е темел кој што овозможува здравството да биде еднакво и достоинствено достапно за секој граѓанин во државата.

„Технологиите се грижат не само за пациентите, туку и за здравствените работници, обезбедуваат можност за телемедицина која што е консултативна, која што е добра база и патоказ за здравство во секој наш дом. Пациентите со хронични заболувања може да се следат во реално време преку дигитална инфраструктура во здравствениот систем“, рече министерот Алиу.

Во своето обраќање министерот Алиу истакна дека користењето на дигиталните протоколи, вештачката интелигенција и алгоритмите поврзани со здравствениот систем овозможуваат откривање на рани здравствени ризици.

„Со дигитализацијата ќе имаме помалку чекање на пациентите, помалку непотребни хоспитализации, повеќе грижа и достоинство за нив. Затоа работиме на дигитална трансформација на здравството, за да имаме стандардизација како држава, дисциплина и професионализам како здравствени работници, како и обврска да служиме чесно и навремено за нашите пациенти“, рече министерот за здравство, Азир Алиу на отворањето на Саемот за медицина, стоматологија и фармација – Health Innovation Expo 2025, притоа порачувајќи дека ќе се продолжи со интеграција на сите здравствени установи и сервиси во државата, како и обезбедување на едно национално електронско досие за секој граѓанин.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

На Форумот во Атина, Божиновска разговараше за регионална енергетска интеграција

Следно

Англија се соочува со најлошата суша во последните децении, се преземаат мерки

Latest from Blog

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода, констатирани прекршоци и изречени мерки

На 27/28 март 2026 во периодот од 20:00 часот до 03:00 часот, на подрачјето на општина Карпош и Кисела Вода полициски службеници од СВР Скопје извршија контроли во повеќе угостителски објекти и

Спортски објекти во Прилеп, Битола, Тетово се под лупа на МВР и ЈО, за базенот во Делчево се чека да стигне ревизорскиот извештај

Во врска со Градскиот базен во Делчево, не е постапено од причина што до ОВР Делчево до овој момент не е доставен ревизорскиот извештај. Во однос на другите спортски објекти кои се
Go toTop