Алиу: Со заеднички дијалог со Синдикатот на клинички центар го унапредуваме статусот на здравствените работници

September 27, 2025
1 min read

Министерот за здравство, Азир Алиу ги поздрави учесниците на синдикалната школа, во организација на Самостојниот Синдикат на вработените во универзитетските клиники, клинички болници и други јавни здравствени установи во Република Македонија.

-Особено е инспиративна темата „Синдикализам во здравството: правата не се даваат–се освојуваат“, па оттука сакам да ја реафирмирам нашата заложба дека синдикатите се наш искрен партнер за подобар здравствен систем. Сакам да ве охрабрам за уште позајакната со работка, мојот кабинет е секогаш отворен за сугестии, идеи, забалешки – заедно сме уште подобри, истакна министерот Алиу.

Во рекордно време се реализирани над 1.250 вработувања и спроведен е процесот за вработување приватни специјализанти, со што е решен децениски егзистенцијален проблем на оваа категорија здравствени работници.

-Министерството за здравство покажува дека го почитува достоинството на сите медицински лица. Воедно, останува отворено за натамошна соработка со синдикатот. Заеднички продолжуваме да ги решаваме сите отворени прашања и предизвици, со цел да излеземе во пресрет на здравствените работници, и секако на пациентите, истакна Алиу.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Вистинската сила е во народот“ – Ѓорѓиевски со порака до скопјани

Следно

Студија открива: Мажите први го кажуваат познатото „те сакам“

Latest from Blog

Парамаунт го тужи Ворнер Брос поради договорот со Нетфликс

Парамаунт бара Ворнер Брос да објави дополнителни информации за акционерите да можат да донесат „информирана одлука“. Според наводите во тужбата, Ворнер Брос не го објаснил соодветно начинот на кој ја проценува вредноста

Трамп: Земјите што соработуваат со Иран ќе платат веднаш царина од 25%

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека секоја земја што „соработува со Исламската Република Иран“ ќе биде веднаш погодена со царина од 25%. „Секоја земја што соработува со Исламската Република Иран ќе

Епл го избра моделот на ВИ на Гугл, Џемини, за новата генерација на асистентот Сири

Компанијата Епл денеска официјално го потврди партнерството со фирмата Гугл, чии модели на вештачка интелигенција Џемини (Gemini) ќе ја придвижуваат новата генерација на асистентот Сири. Веста ја подигна пазарната вредност на Гугл

ТЕМПЕРАТУРИ И ДО 12 СТЕПЕНИ ПОД НУЛАТА: Временска прогноза за утре и следните денови

Утре времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во западните делови од земјата ќе дува умерен ветер од западен правец. Утринските температури ќе се движат од -12 степени, а дневните до
Go toTop