Алиу: Раководството има визија за долгорочно унапредување на Здравствениот дом, ќе ги разгледаме можностите за воведување ургентна стоматологија

September 24, 2025
1 min read

Министерот за здравство, Азир Алиу, денеска го посети Здравствениот дом во Липково, каде одржа средба со директорот, Евзи Исуфи.

-Раководството на оваа установа, предводено од директорот Евзи Исуфи, има визија за долгорочно унапредување на здравствениот дом, што е во интерес на пациентите и на самите здравствени работници. Токму во таа насока, информиран сум дека со новиот буџет раководството на оваа установа има предвидено реновирање на целиот прв кат каде се сместени амбулантите и лабораторијата, рече министерот Алиу во рамки на посетата.

Во делот на унапредување на кадарот, во моментот тројца доктори од Здравствен дом Липково се упатени на специјализација, во областите педијатрија, медицина на труд и клиничка биохемија.

-По завршување на изборниот процес, со оглед на законските процедури, веднаш заедно со раководството и со нашата правна служба ќе ги разгледаме можностите за воведување ургентна стоматологија, односно итна стоматолошка помош, истакна министерот Алиу.

Установата веќе располага со соодветен простор и има обучен кадар, специјалист по превентивна стоматологија и двајца доктори по општа стоматологија.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Меџити: Насмевките на децата од Топана ја оправдуваат секоја вложена енергија

Следно

5 трикови како да се вратиш во фитнес рутина по летниот хаос

Latest from Blog

Стотици муслимани упаднаа во христијански град во Сирија и направија пустош (ВИДЕО)

Нападите во претежно христијанскиот град Сукајлабија во покраината Хама се најновите во серијата напади насочени кон припадници на христијанското малцинство во Сирија. Многу христијани ја напуштија земјата од почетокот на конфликтот пред

Мадуро во порака повика на мир и единство во Венецуела

„Денес, повеќе од кога било, повикуваме на континуирани напори за консолидирање на мирот во земјата, национално единство, помирување, простување и повторно обединување на сите. Никој нека не отстапува од патот на дијалогот,
Go toTop