Алиу: Првпат имаме база на човечки ресурси во здравството, наскоро и база на инфраструктура и технологии

December 26, 2025
1 min read

Министерот за здравство, Азир Алиу денеска одржа брифинг со претставниците на медиумите, на кој се разговараше за актуелните состојби и предизвици со кои се соочува здравствениот систем, како и за приоритетите во областа на здравството за претстојната година.

Поконкретно тој се осврна на петте столба на кои се базира здравствениот систем, во однос на инфраструктура, нова опрема, дигитализација, законска регулатива и човечки ресурси со кои располагаат јавните здравствени установи.

– Здравствениот систем секаде се сочува со предизвици. Откако ја презедов функцијата министер за здравство, во првите месец и половина прво направивме скенирање на состојбите, а еве веќе на крајот на годината имаме база на податоци од здравствениот систем. Првпат досега имаме база на човечки ресурси, а наскоро ќе имаме и база на инфраструктура и технологии поврзани со здравствениот систем. Од аспект на законите, големи беа предизвиците и 12 закони веќе се обработуваат и изменуваат, а работиме и на 2 нови закона кои досега ги немаше, а процесите налагаат да ги имаме. Ценам дека до крајот на февруари сите закони ќе бидат завршени и подетално ќе известиме за нив, истакна министерот Алиу.

Во однос на останатите предизвици со кои се соочува здравството, министерот Алиу информираше дека се креирани шест групи за следење клинички проблеми при обезбедување здравствени услуги за пациентите. Од нив, пет групи досега имаат укажано дека не се евидентирани клинички проблеми.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Хум – најмалиот град во Европа

Следно

Битолската куглана подготвена за меѓународни натпревари

Latest from Blog

ВМРО-ДПМНЕ го осуди сквернавењето на македонското знаме во Гостивар

ВМРО-ДПМНЕ најостро го осудува симнувањето и сквернавењето на македонското знаме во Гостивар. Македонското знаме е државен симбол и секое негово непочитување треба да биде веднаш санкционирано, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ

Пожар избувна во рафинерија на компанијата „Шеврон“ близу аеродромот во Лос Анџелес- причината е силен земјотрес

Градот Ел Сегундо соопшти дека рафинеријата спровела безбедносно палење на вишокот гас, што е стандардна процедура за време на прекини во производството, вклучително и земјотреси, објави „Калифорнија пост“. Во инцидентот не се

„Македонија пат“: Патиштата се проодни, екипите остануваат на терен (ФОТО)

Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта во изминатот деноноќие активно работеше на одржување на безбедноста во сообраќајот и патниот сообраќај во државата се одвива непречено. Сите расположливи
Go toTop