Алиу: Над 70 милиони евра инвестиција за Клиничка болница Тетово

August 14, 2025
1 min read

Министерот за здравство, Азир Алиу, денеска во Тетово одржа работна средба со директорот на Клиничка болница Тетово, Ерзен Елези и неговиот тим, како и со претставници на локалната самоуправа предводени од градоначалникот на општина Тетово, Биљал Касами.

На работната средба се разговараше за приоритетите на Клиничката болница Тетово за инфраструктурно унапредување со предвидените два нови објектa, како и за реконструкција на постојните капацитети.

-Веќе помина на седница на Влада информација за 205 милиони евра за инвестиции во Тетово, Кичево и Штип. Денеска сме тука на работна средба заедно со градоначалникот на општина Тетово и со работната група доктори и администратори, за да видиме кои се потребите од функционална и од инфраструктурна гледна точка. Работната група ќе креира извештај за да може да се буџетираат сите потреби неопходни за болницата, изјави министерот Алиу.

Вкупната инвестиција за Тетово изнесува над 70 милиони евра, за целиот кампус, односно за две нови градби и три постојни инфраструктурни објекти коишто треба да се реновираат.

Во однос на новите вработувања во оваа установа, министерот информираше дека е во тек постапката, се тестираат сите пријавени на конкурсот и во моментот заради законските пречки, треба да се чека по завршување на локалните избори да се спроведе последниот чекор во оваа постапка. Воедно, дополни дека анализите покажуваат дека во Тетово има потреба од нови 300 вработувања, по што ќе се отвори и нова постапка за вработувања.

 Во рамки на проектот за инфраструктурно унапредување на јавното здравство, во Клиничка болница Тетово е предвидена доградба на два нови павилјона за специјализирани услуги како онкологија, инфектологија, дерматологија, психијатрија и гинекологија, како и реконструкција на постојните хируршки и интернистички блокови и целосно инфраструктурно и партерно уредување.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Топлотен бран во Македонија и Европа: Прогноза и предупредувања

Следно

Путин пред самитот со Трамп: САД искрено се трудат да се реши кризата во Украина

Latest from Blog

Беким Сали на отворањето на 4-та Балканска школа за педијатрија: Зајакнување на здравствените капацитети за децата

Во присуство на бројни здравствени експерти од регионот, денеска официјално започна 4-тата Балканска школа за педијатрија, значаен настан кој ги обединува педијатрите од различни земји со цел унапредување на знаењето и размената

Коњановски: Поголема поддршка за одвикнување од пушење во Битола

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, денеска имаше поздравно обраќање на работилницата посветена на зајакнување на активностите за контрола на тутунот и унапредување на услугите за одвикнување од пушење на локално ниво. Настанот

Ајвар, ќебапи и криптовалути во центарот на Скопјe: Binance носи мешавина од традиција и иновација

(Скопје, 25 март) – Binance, водечката светска берза за криптовалути по обем на тргување и корисници, ќе одржи уникатен настан „Камион со ќебапи“ во Скопјe, Македонија. Од 10:00 часот наутро до 16:00
Go toTop