Алијансата за Албанците на Таравари бара целосна и независна истрага за Кочани, ослободена од политичко влијание

April 6, 2025
1 min read

Собранието на Алијанса за Албанците, партија предводена од Арбен Таравари, денеска на седница во Гостивар усвои резолуција со осум точки, со која се повикува на итна институционална реакција, реформи и воспоставување на нова култура на одговорност по трагедијата што неодамна се случи во Кочани.

Во резолуцијата, едногласно прифатена од сите присутни членови, се наведува дека „времето за правда, дејствување и промени е сега“. Се бара спроведување на целосна, независна и транспарентна истрага за трагедијата, под водство на надлежните институции, ослободени од политичко влијание. Според документот, јавноста треба редовно и јавно да биде информирана за текот и резултатите од истрагата.

Во текстот се истакнува и потребата од повторно отворање на истрагите за претходните трагедии, како несреќата со автобусот на „Дурмо Турс“, несреќата на „Беса Транс“ и пожарот во модуларната болница во Тетово. Во овие настани животот го загубија вкупно 135 лица, а сè уште, како што се наведува, не е утврдена ниту институционална ниту индивидуална одговорност.

Резолуцијата нагласува и дека треба да се адресира небрежноста, неспособноста и потенцијалните коруптивни практики преку утврдување на и индивидуална и институционална одговорност. Се бара детална проверка на имотната состојба и интересите на сите релевантни функционери и инспектори, со цел да се открие евентуален конфликт на интереси или коруптивни врски со субјекти вклучени во испитувањата.

Дополнително, се препорачува вонреден инспекциски надзор во сите високоризични објекти, со посебен фокус на сектори како што се здравството, образованието, угостителството, спортот, транспортот и градежништвото.

Во завршницата на резолуцијата се бара итна реформа на казнената политика, со воведување строги и применливи казни за сите оние чии постапки или пропусти придонесуваат за појава на трагични настани. Од Алијансата за Албанците нагласуваат дека трагедијата во Кочани не треба да биде сведена на „болна статистика“, туку да послужи како пресвртница кон поодговорно и побезбедно општество.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Посетителите патуваат по трагите на историјата на Мардин, поетскиот град во југоисточна Туркије

Следно

Превојот Буково затворен за управување со тешки товарни возила

Latest from Blog

Комерцијална банка и Макпетрол најтргувани – МБИ10 со пад од 0,40%

Вкупен промет од 17,63 милиони денари, притисок кај Стопанска банка и Тетекс, ОМБ непроменет Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. На берзанската сесија од

Wolt освои три награди на eCommerce Awards 2025 во Македонија, уште пред да одбележи една година присуство на пазарот

(Скопје, 12 март 2026) – Wolt освои три награди на eCommerce Awards 2025, национална иницијатива што ја организира Асоцијацијата за е-трговија на Македонија. Компанијата беше наградена во категориите Мобилна апликација за е-трговија

Божиновска: Поголемо учество на жените води кон поотпорни и иновативни енергетски системи

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, учествуваше на главниот настан на Европската банка за обнова и развој (ЕБРД) по повод Меѓународниот ден на жената, под мотото „No Economy Wins

Програмата за самодоверба на Schwarzkopf Gliss ги оснажува жените трета година по ред – Силни жени за силен свет

Програмата за самодоверба на Schwarzkopf Gliss, која преку спој на едукација и поддршка ги води учесничките на патот кон остварување на нивните професионални и лични цели, ќе се одржи по третпат. Со
Go toTop