Избегнувајќи да ги коментира неговите политички планови во пресрет на претстојните избори следната година министерот за здравство Фатмир Меџити денеска посочи дека себе си не се гледа како политичар, туку како лекар.
Министерот на прашањето дали ќе коалицира со ДУИ рече дека одговор треба да даде Таравар.
-Јас сум министер за здравство за сите граѓани во РСМ, а за конкретното прашање ќе ги прашате партиските тела т.е. почитуваниот претседател Таравари и мој професор и асистент, тој подобро ќе ви објасни за се. Јас не велам дека не сум политичар, но не би сакал, тука сме за здравство. Знаете што значи некој пациент што не може да стане после тој мозочен инфаркт да стане после и да се движи макар со стапче или со што било тој се придвижува тоа е голема работа. И ова мислам дека треба да зборуваме за ова, а за ова прашање ве молам поштедете ме, не сакам да зборувам, појасни Меџити.
Додаде дека од првиот ден откако дошол на функција имал сериозен пристап кон решавање на проблемите.
-Навистина многу сериозно пристапивме од првиот ден со сите проекти што ги раскинавме, што не се доградија по 30 години, по 20 години да не се повторам јас немам магичен стап. За тоа ќе се избориме заедно со вас и мора работите да се поправат. Нема да отстапуваме, подвлече Меџити
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.