Алиев на отворањето на Глобалниот форум: Јужен Кавказ никогаш не бил вака блиску до мирот

March 14, 2024
1 min read

БАКУ (АА) – Претседателот на Азербејџан, Илхам Алиев, изјави дека историската правда е постигната со ослободувањето на Карабах од ерменската окупација и дека Јужен Кавказ никогаш не бил поблиску до воспоставување мир, јавува Анадолу.

Во говорот на отворањето на 11. Глобален форум во Баку, Алиев зборуваше за процесот што довел до Втората војна во Карабах, годините на ерменска окупација на азербејџанските територии и неуспехот на претходниот повеќегодишен преговарачки процес.

Потсетувајќи дека Азербејџан воспоставил суверенитет над сите свои територии во Карабах заклучно со антитерористичката операција во септември 2023 година, Алиев рече дека Азербејџан и Ерменија денес се поблиску до мирот од кога било досега.

„Денес сме поблиску до мир со Ерменија од кога било досега. Јужен Кавказ никогаш не бил толку блиску до мирот. Ова е резултат на Втората војна за Карабах“, нагласи Алиев.

Истакнувајќи дека Ерменија со години е вооружувана, Алиев рече дека тоа не е корисно за Ерменија бидејќи за време на антитерористичката операција азербејџанските сили заплениле воени возила, оружје и муниција во вредност од околу една милијарда долари, како и оружје и воена опрема во вредност од околу пет милијарди долари за време на Втората војна во Карабах.

„Азербејџан е подготвен да го продолжи мировниот процес. Постигнавме историска правда. Сега е време да се стави крај на непријателствата во регионот“, рече Алиев.

Азербејџанскиот лидер, исто така, рече дека Франција има цврст став против Азербејџан и дека напорно се трудела да воведе меѓународни санкции кон Баку.

„Ние не направивме ништо против меѓународното право и сите напори на Франција беа залудни“, рече Алиев.

Азербејџанскиот претседател на учесниците на Глобалниот форум им покажа и фотографии од осквернавената статуа на азербејџанскиот поет Натаван во Евиан-ле-Бен на францускиот брег на Женевското Езеро.

„Носот на статуата е скршен, фрлена е боја на неа. И покрај сите наши молби, тие не ја поправаа статуата. По долги напори го однесоа тој споменик во Азербејџанскиот културен центар и таму го поставија“, рече Алиев.

На отворањето на Глобалниот форум во Баку присуствуваа и претседателот на Албанија, Бајрам Бегај, членката на Претседателството на Босна и Херцеговина, Жељка Цвијановиќ, генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус, високиот претставник на Алијансата на цивилизации при Обединетите нации, Мигел Ангел Моратинос, и голем број високи функционери и гости.

Форумот се одржува во организација на Меѓународниот центар „Низами Ганџави“ на тема „Обнова на скршениот свет“.

Учествуваат речиси 400 гости од 68 земји, меѓу кои поранешни и сегашни шефови на држави и влади, добитници на Нобеловата награда, шефови на меѓународни организации и претставници на граѓанското општество.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ПРВА СНИМКА ОД СИЛНИОТ ЗЕМЈОТРЕС ВО ЦРНА ГОРА – ќе се наежите каков потрес го разбуди утринава целиот регион (ВИДЕО)

Следно

Данската влада планира да воведе задолжителен воен рок за жените

Latest from Blog

Рубио откри дека се уште се утврдува местото за преговори со Иран- Турција и дефинитивно отпаѓа

Рубио, исто така, на прес-конференција изјави дека иранската влада претходно се согласила на формат за состанокот во петок во Турција, но се чини дека се предомислила, објави Ројтерс. Рубио додаде дека специјалниот

Состанок во Влада за Реформската агенда: Фокус на конкретни чекори за унапредување на институционалната ефикасност и владеењето на правото

Во Владата вечерва се одржал состанок за Реформската агенда, информира премиерот Христијан Мицкоски. -Вечерва одржавме состанок посветен на реформската агенда, со фокус на конкретни чекори за унапредување на институционалната ефикасност, владеењето на

Директорот на Идризово: Има изживување, силување, но и љубов меѓу затворениците

Гостин во „Претрес со Ландов” е генерал мајор Зоран Јовановски-Челик, директор на КПУ Идризово.Тој отворено говори за лошите услови во затворот, иако има подобрување. Како Управа од властите овие 3 години бараат

(ВИДЕО) Омерагиќ: ФФМ инвестира во модерен фудбалски амбиент: Националната арена доби LED екран од 210 метри

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ја реализираше својата најнова инвестиција – сопствен ЛЕД екран долг 210 метри, со цел подобрување на искуството за публиката, зголемена видливост за партнерите и создавање дигитален фудбалски
Go toTop