Али Ахмети го честита 22 ноември: До вчера напредувавме, денеска мора да го заштитиме албанскиот јазик

November 22, 2024
1 min read

Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети на сите Албанци им го честита 22 ноември, денот на Конгресот во Битола и азбуката на албанскиот јазик.

„За мене денеска е денот на албанскиот јазик, не само денот на азбуката на нашиот свет јазик и на конгресот во Битола.

Мора да го негуваме и промовираме нашиот древен јазик, да се здружиме и да се ставиме во првите редови на напорите да го заштитиме од секојдневните напади. До вчера работевме на унапредување на употребата на нашиот јазик, а денес сме во позиција да го заштитиме постигнатото.

Националното прашање, јазикот, знамето, унијата и интеграцијата бараат посветеност од мажи и жени-идеалисти и мисионерки!

Денеска сум во Швајцарија, покрај нашите иселеници, заедно да ги прославиме албанските ноемвриски празници и уште еднаш да се ставиме на чело на националните процеси, заедно да го заштитиме постигнатото и да одиме напред.

Честит 22 ноември, денот на азбуката на албанскиот јазик!“ пишува Али Ахмети.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Денес ќе се промовира „Бакнежи на небото“ – најновата македонска книга-сликовница

Следно

Реакција од Здружението на вработени во секторот игри на среќа „Сакам да работам“

Latest from Blog

Катар: Иран премина многу црвени линии, нападите имаат катастрофални последици

Предупредувањето доаѓа во време кога војната меѓу САД, Израел и Иран продолжува без знаци на крај на повидок, објави Ал Џезира. Ал-Ансари на денешната прес-конференција изјави дека нападите на Иран врз Катар

Баражи за СП: Босна „гори“, ќе игра на Светско, пеналите ја носат и Чешка на Мундијал (ВИДЕО)

Босна слави! Италија не успеа да ја преживее Зеница и повторно не успеа да обезбеди пласман на Светско. Босанците ја победија четата на Џенаро Гатузо по подобро изведување на пенали, откако по
Go toTop