„Александар Вучиќ – Србија не смее да запре“ и официјално победник на парламентарните избори

January 3, 2024
3 mins read

За листата на владејачката Српска напредна партија (СНС) на парламентарните избори гласале 1 783 701 граѓанин или 46,75 отсто, додека опозициската листа „Србија против насилството“ освоила 23,66 отсто од гласовите и за неа гласале 902 450 луѓе. Трета според бројот на освоени гласови е листата „Ивица Дачиќ – премиер на Србија“, за која се изјасниле 249 916 гласачи или 6,55 отсто

Републичката изборна комисија на Србија доцна синоќа ги објави конечните резултати од неодамнешните парламентарни избори во земјата откако вчера заврши повтореното гласање за пратеници во осум избирачки места. 

Гласање на изборите во Србија кои се одржаа на 17 декември (Илустративна фотографија) / Фото: Архива

Според Републичката изборна комисија (РИК), а врз основа на сите обработени избирачки места, листата „Александар Вучиќ – Србија не смее да запре“ освоила 46,75 отсто од гласовите и за неа гласале 1 783 701 граѓанин на земјата со право на глас, пренесуваат регионалниот сервис на Радио Слободна Европа и Н1.  

Опозициската листа „Србија против насилството“, освоила 23,66 отсто од гласовите и за неа гласале 902 450 луѓе, пренесува Нова.рс, а за листата „Ивица Дачиќ – премиер на Србија“ се изјасниле 249 916 гласачи или 6,55 отсто.  

Коалицијата НАДА (Нова ДСС и ПОКС) успеала да освои 5,02 отсто од гласовите, листата на Бранимир Несторовиќ „Ми – глас од народот“ освоила 4,69 отсто од гласовите, а коалицијата „Национален собир“ на партијата Заветници и движењето „Двери“ има 2,76 отсто од гласовите. 

Сојузот на Унгарците од Војводина освоил 1,7 отсто од гласовите, Српската радикална партија 1,46 отсто, а листата предводена од Усаме Зукорлиќ и Томислав Жигманов 0,76 отсто. 

Листата „СДА Санџак – Сулејман Угљанин“ добила 0,57 отсто, а листата „Политичката борба на Албанците продолжува – Шаип Камбери“ добила 0,35 отсто гласови. 

Листата на Народната партија освоила 0,88 отсто, а Заедно за иднината 0,18 отсто, објави РИК. 

Руската партија освоила 0,3 отсто од гласовите, листата на Чедомир Јовановиќ 0,24 отсто, а листата на Саша Радуловиќ и Борис Тадиќ 1,18 отсто од гласовите. 

За листата „Србија на Запад“ се изјасниле 0,14 отсто, додека листата на „Албанска демократска алтернатива“ добила 0,08 отсто од гласовите. 

Републичката изборна комисија на Србија / Фото: Принтскрин (Архива)

Граѓаните на Србија во вторникот, на 2 јануари, гласаа на две избирачки места во Бачки Петровац, три во Бела Паланка и по едно во општините Беочин, Мионица и Петровац на Млава. 

Изборите беа повторени на избирачките места каде што не беше можно да се утврдат резултатите од гласањето на изборите на 17 декември, како и каде што резултатите од гласањето беа поништени поради нерегуларности. 

СНС: Листата „Александар Вучиќ – Србија не смее да запре“ победи со убедлива разлика

По повторените избори на осумте избирачки места со соопштение се огласи Српската напредна партија (СНС) од каде што велат дека нејзината изборна листа „Александар Вучиќ – Србија не смее да запре“ победила со убедлива разлика разлика на сите избирачки места.   

„Во однос на резултатите од изборите одржани на 17 декември, СНС ја зголеми доминацијата на 70 отсто од освоените гласови“,  

се наведува во соопштението.

Во него се додава дека СНС е благодарна за огромната поддршка и помош на претседателот на Србија, Александар Вучиќ и на „народот на Србија, кој е нашата сила“. 

„Ќе продолжиме да се бориме уште посилно, за да го забрзаме економскиот напредок на Србија, да го зголемиме стандардот на граѓаните и да ја зачуваме автономијата и независноста на државата бидејќи Србија не смее да запре“,

соопшти СНС., пренесува Н1.

На 17 декември во Србија се одржаа парламентарни и локални избори во 65 општини и градови, меѓу кои и Белград. 

Оттогаш дел од опозицијата предводена од коалицијата „Србија против насилството“ протестира во Белград тврдејќи дека изборите се нерегуларни, што владата на Српската напредна партија го негира. 

Од коалицијата „Србија против насилството“ бараат одржување нови избори, според фер и демократски стандарди. 

Момент од протестот на опозицијата одржан на 30 декември во Белград / Фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Извештаите на домашните и меѓународните мониторинг организации, вклучително и мисијата на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), посочуваат дека имало изборни нерегуларности на изборите во Србија на 17 декември. 

Канцеларијата за демократски институции и човекови права на ОБСЕ (ОДИХР) на 18 декември објави дека изборите ги одбележале нерегуларности, злоупотреба на јавните средства, медиумска доминација на претседателот на државата Александар Вучиќ, негативна кампања и ширење страв. 

Набљудувачката мисија на ЦРТА соопшти дека на денот на изборите се случила организирана миграција која влијаела на исходот на изборите во Белград.  

Дел од европратениците повикаа на независна истрага за сите пријавени нерегуларности за време на изборите. Европската унија и Соединетите Американски Држави ги повикаа властите во Србија да ги истражат наводите на меѓународните набљудувачи. 

Владата предводена од Српската напредна странка демантира дека имало големи изборни нерегуларности, со оценка дека ова биле „најчистите избори досега“. 

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Карпош добива ново осветлување

Следно

Земјотресот во Јапонија причина за смртта на 64 лица, многу луѓе заробени под урнатините

Latest from Blog

„Лица“ – изложба на Ангел Коруновски за борбата на поединецот во современото општество

Во изложбениот простор „Мала станица“ во Скопје, утревечер во 19 часот ќе биде отворена изложбата „Лица“ на ликовниот уметник Ангел Коруновски. Станува збор за серија дела што се фокусираат на човекот како

Кејн со секој натпревар урива по некој рекорд, сега го собори оној на Робен

фото: FC Bayern Munchen (X) Напаѓачот на Баерн Минхен, Хари Кејн, постигна гол на вчерашниот натпревар против Хајденхајм (4-0) во 15-то коло од Бундеслигата, поставувајќи рекорд во германската лига. Англичанецот со вчерашниот

Трамп назначи специјален пратеник за Гренланд

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера го назначи гувернерот на сојузната држава Луизијана, Џеф Ландри, за специјален американски пратеник за Гренланд, голема данска полуавтономна територија за која претходно рече дека САД треба да

СДС и ДУИ создаваа лажна конкуренција на тендери за да можат да перат пари од буџетот

Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ „СДС и ДУИ одамна се познати по тендерските мрежи за нивното седумгодишно владеење, поточно за воспоставување на систем на однапред договорени тендери и контролирана конкуренција. Во 2023 година, преку

Шест начини да го одложите појавувањето на седи влакна што е можно подолго!

Иако генетиката игра најголемо влијание во појавата на седите влакна, стручните лица нагласуваат дека сепак може донекаде да влијаеме на темпото на белеење на косата. Со правилна нега, подобра исхрана и неколку
Go toTop