„Александар од прв момент тврдеше дека Вања е киднапирана“, вели мајката Зорица

October 14, 2024
1 min read

На судењето за двојното убиство денеска, Зорица Ѓорчевска, мајката на Вања, даде сведочење за киднапирањето и убиството на нејзината ќерка во ноември 2023 година., пишува СДК.МК

Според порталот, мајката опишала како Вања исчезнала утрото на пат кон училиште и како нејзиниот поранешен сопруг Александар, обвинет за соучесништво, веднаш тврдел дека девојчето е киднапирано.

„Околу десет за осум излегувам пешки за на работа. Гледам порака од класната: Вања ја нема на прв час! Веднаш се јавив, не беше достапна на ‘Гугл мапс’ видов дека таа е на Партизанска, во близина на ‘Фитнес Хаус’. Се јавив на Александар, дека Вања ја нема. Што да правам, викав, му реков доаѓам накај тебе, симни се. Се симна, јас се јавив во 8 часот во полиција дека детето го нема. Се упативме пред ‘Фитнес Хаус’, пребаравме една напуштена куќа. Дојдоа полицајците, се јавив по роднините. Започна потрагата”, одговараше мајката

Таа се задржала на однесувањето на таткото.

„Тој беше веќе облечен и симнат доле. Не е вообичаено така брзо да се подготвува. Обично доцнеше. Сега беше спремен доле. Беше потиштен. Јас цело време се правдав не знам каде е детето. Не се скарав. Не знам што се случи сабајлето”, сведочеше мајката која истакна дека пред Соборниот храм на полицијата ѝ давала податоци.

Како што вели колегите телеоператори добиле службен налог да бараат дали од некаде ќе прозрачи мобилниот телефон на Вања, додека во меѓувреме таа со другата ќерка Миња отишла дома, а Александар со полицаец отишол на локација.

Според неа, во очи паднало тоа дека веднаш рекол оти ќерка му е киднапирана.

„Од првиот момент тврдеше дека Вања е киднапирана. Дека нема што друго да биде”, рече мајката и продолжи да одговара на деталните прашања.

Обвинетите се товарени за свирепо убиство и киднапирање, а таткото, иако негира учество, останува главен осомничен.

Обвинителството тврди дека злосторството било извршено од користољубие.

Целиот текст на СДК.МК

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Прекуграничната соработка си работи: „Трите тенори и уште нешто…“ од Благоевград, Бугарија, во Крива Паланка

Следно

Мицкоски: ЕУ мора да ги поддржи државите кои покажуваат зрелост, одлучност и соработка за заедничката цел – Македонија прави многу на овој план

Latest from Blog

Фото: Млада пејачка во секси издание

Многу од нив вложиле труд во стилизирањето за оваа вечер, па тоалетите им биле навистина посебни и инспиративни. Во морето од разновидни модни избори, особено се издвои импресивниот стајлинг на младата и мегапопуларна пејачка

Фото: Млада пејачка во секси издание

Многу од нив вложиле труд во стилизирањето за оваа вечер, па тоалетите им биле навистина посебни и инспиративни. Во морето од разновидни модни избори, особено се издвои импресивниот стајлинг на младата и мегапопуларна пејачка

Фото: Млада пејачка во секси издание

Многу од нив вложиле труд во стилизирањето за оваа вечер, па тоалетите им биле навистина посебни и инспиративни. Во морето од разновидни модни избори, особено се издвои импресивниот стајлинг на младата и мегапопуларна пејачка

Каков е животот во најрелаксираниот град во светот?

Холандскиот град Ајндховен е прогласен за најрелаксиран град за живеење во светот. Според анкетата спроведена од компанијата за дигитални финансии „Ремитли“, овој потценет европски град е прогласен за најрелаксирано место за живеење

Мистериозна ЖЕНА ВО БЕЛО ШЕТА НИЗ БЕЛГРАД, сведоците и медиумите немаат објаснување!

Во текот на ноќта, жителите на Белград беа сведоци на морничави сцени на жена во бело кои се појавуваа на улиците. Снимките од социјалните медиуми документираа необјаснети сцени кои дополнително ја интригираат
Go toTop