Албанија ги отвори преговорите по кластерот „Надворешни односи“

December 17, 2024
1 min read

Во Брисел денеска се одржа третата Меѓувладина пристапна конференција помеѓу Европската Унија и Албанија, на која официјално беа отворени преговорите по Кластерот 6 – „Надворешни односи“. Овој кластер вклучува поглавјата 30 – „Надворешни односи“ и 31 – „Надворешна, безбедносна и одбранбена политика“. Тоа е втор кластер што Албанија го отвора во преговарачкиот процес, по кластерот 1 – „Основни вредности“, отворен на 15 октомври оваа година.

Според унгарскиот министер за надворешни работи и трговија, Петер Сијарто, одржувањето на денешната конференција е уште еден значаен чекор напред во процесот на пристапување на Албанија кон ЕУ. Сијарто нагласи дека овој напредок е доказ за силниот фокус на интеграцијата на Западниот Балкан, што е клучно за стабилноста и иднината на Унијата.

Албанскиот премиер, Еди Рама, истакна дека отворањето на преговорите за вториот кластер претставува важен чекор напред во процесот на интеграција на земјата во ЕУ. Тој изрази надеж дека Албанија ќе продолжи со отворањето нови кластерите во иднина и дека ќе заврши со повеќе отворени кластери до крајот на следната година.

На конференцијата присуствуваше и еврокомесарката за проширување, Марта Кос, која ја претставуваше Европската комисија.

Во согласност со новата методологија на преговарачкиот процес, кластерот „Основни вредности“ се отвора прв, но се затвора последен, додека паралелно се водат преговорите за другите кластери: „Внатрешен пазар“, „Конкурентност и инклузивен раст“, „Зелена агенда и одржливо поврзување“, „Ресурси, земјоделство и кохезија“, и „Надворешни односи“.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ахмети на кафе во Приштина

Следно

Изложби во КИЦ Скопје, Бојаров со теракота и фузирано стакло, Тасевска со фотографии

Latest from Blog

Усвоена Стратегијата за образование 2026-2032

Министерството за образование и наука информира дека е усвоена новата  Стратегија за образование 2026-2032 и Акцискиот план за нејзина имплементација. -Стратегијата во изминатите неколку месеци е изработена преку широка дискусија, со учество на бројни
Go toTop