Ал-Итихад купува во Порто, Јунајтед и Зенит!

August 24, 2025
1 min read
ФОТО: FC Porto/X

Откако стана шампион на Саудиска Арабија, целта на Ал – Итихад е дополнително да се зајакне тимот, земајќи ја предвид силата на Ал Наср и Ал Хилал, а исто така сакаат да доминираат во азискиот фудбал. Затоа се подготвени да потрошат, и тоа многу.

Прв избор и човекот кој најверојатно наскоро ќе оди во Саудиска Арабија е крилниот напаѓач на Порто, младиот Родриго Мора. Тинејџерот кој е роден во 2007 година е проценет на дури 70 милиони евра, што ќе биде многу тешко за Порто да го одбие. Тоа не е сè, тие го сакаат и фудбалерот на Зенит, Вендел, човек кој е еден од најзаслужните за сите овие титули во последните неколку години (освен минатата сезона). Тој беше и најдобриот играч од средниот ред на руската Премиер лига една година. Бразилецот е голема цел, како што објавија руските медиуми, па не е исклучено да го видиме и него во жолто-црниот дрес. И последниот, можеби најважниот, Каземиро. Поранешниот капитен на бразилската репрезентација е долго време мета на Ал Итихад, тешко дека ќе добие голема минутажа во Манчестер Јунајтед, па затоа некако е логично за многумина дека ќе сака да се пресели во Саудиска Арабија.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Зеленски: Украина повторно ќе живее во мир

Следно

Пропадна уште еден обид за конституирање на Собранието на Косово

Latest from Blog

Дали новиот лидер на Иран е геј- во Белата куќа не можеле да престанат да се смеат, Трамп со урнебесна реакција

Американскиот претседател Доналд Трамп беше запрепастен кога минатата недела дозна дека американските разузнавачки агенции посочиле дека новиот врховен лидер на Иран, Моџтаба Хамнеи, можеби е хомосексуалец – и дека неговиот татко, покојниот

Трипуновски: Политиките ги креираме заедно со земјоделците, кампањата „Гласот што го слушаме – македонско најдобро“, стартува од општина Босилово

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски во гостувањето во Дневникот на Алсат Телевизија говореше за кампањата „Гласот што го слушаме – македонско најдобро“, нагласувајќи дека директната комуникација со земјоделците е

Вајц бара Европскиот совет да ги расчисти дилемите околу Проколот со Бугарија

Правната служба на Европскиот совет итно да ги разјасни сите двосмислености околу правниот статус на вториот протокол од Договорот за добрососедство и пријателство меѓу Македонија и Бугарија во врска со процесот на
Go toTop