Активистот Нејман, кој се противи на израелската окупациска политика, со реакции за обновувањето на нападите врз Газа

March 26, 2025
3 mins read

ЕРУСАЛИМ (АА)

– Фарук ХАНЕДАР

Израелскиот активист Офер Нејман, кој се противи на израелската окупациска политика, нагласи дека премиерот Бенјамин Нетанјаху и неговата Влада поради нивните политички интереси ги обновиле нападите врз Газа и додаде дека „всушност цел е протерување на Палестинците од Газа и продолжување на геноцидот“, пишува Анадолу.

Во период на превирања во внатрешната политика, Израел утрото на 18 март го прекрши договорот за прекин на огнот и одново ги започна нападите врз Појасот Газа.

Според бројките што ги објавени палестинското Министерство за здравство во Газа, во израелските напади за три дена се убиени приближно 600 Палестинци, а околу 1.000 луѓе се повредени. Жените, децата и постарите лица сочинуваат приближно 70 проценти од убиените Палестинци во израелските напади.

Израелските високи политички и безбедносни претставници ја повторуваат заканата дека овие напади ќе бидат уште понасилни од претходните.

Луѓето од израелското општество што се противат на повторното започнување на нападите истакнуваат дека е потребно да се стави крај на војната, да се вратат израелските заробеници од Појасот Газа и да се осигури безбедноста на израелските војници.

Покрај тоа, мал дел од израелското општество од хуманитарни причини е против израелската окупаторска политика што им е наметната на Палестинците и кон геноцидот што се спроведува во Газа.

– „Договорот за прекин на огнот беше политички неуспех за Нетанјаху“

Израелскиот активист Офер Нејман, кој најостро се противи на нападите врз Газа, за АА го коментираше прекршувањето на договорот за прекин на огнот во Газа на 18 март од страна на Израел и обновувањето на нападите врз Појасот Газа.

Посочувајќи дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху е стиснат во ќоше поради домашната политика од повеќе причини, како што се случаите со корупција што се во тек и растечката опозиција, Нејман истакна дека Нетанјаху, од една страна, се обидува да се ослободи од високите функционери што не се согласуваат со него и од Меѓународниот кривичен суд (МКС) кој го обвинува за воени злосторства, од друга страна, а во Газа се обидува да го елиминира политичкиот неуспех.

„Договорот за прекин на огнот за Нетанјаху беше политички неуспех бидејќи тој мораше да го запре геноцидот и да ги ослободи палестинските затвореници“, рече Нејман.

Нагласувајќи дека преминувањето во втората фаза од договорот за прекин на огнот и размена на затвореници во Газа ќе значи ослободување на повеќе палестински затвореници и целосно повлекување од Газа, Нејман посочи дека Нетанјаху сака повторно да ги ескалира тензиите наместо да ги намали.

Нејман рече дека Нетанјаху добил поддршка од американскиот претседател Доналд Трамп и дека Трамп „дал зелено светло за продолжување на геноцидот“.

Истакнувајќи дека договорот за прекин на огнот во јануари му бил наметнат на премиерот, Нејман рече дека Нетанјаху „смета дека повторното извршување бруталност во Газа ќе му донесе политичка поддршка“.

– „Нетанјаху е подготвен да ги остави заробениците да умрат“

Осврнувајќи се на тврдењето на израелската Влада дека ги продолжила нападите за да ги спаси заробениците во Газа, Нејман истакна дека многу заробеници биле убиени од израелско бомбардирање во периодот од октомври 2023 година кога започнаа израелските напади врз Газа до јануари 2025 година кога беше воспоставен прекин на огнот.

Коментирајќи дека Нетанјаху „не се грижи за затворениците“, Нејман рече дека, според негово мислење, „на значаен дел од израелското општество всушност не му е гајле за затворениците“.

„Мислам дека вистинска цел на нападите е да се спаси од Газа, да се спроведе етничко чистење“, рече Нејман.

– „Примарна цел е да се осигури дека Палестинците ќе ја напуштат Газа“

Наведувајќи дека плановите за тоа што ќе се случи во Газа по војната, всушност, биле на дневен ред и за време на мандатот на претходниот американски претседател Џо Бајден, Нејман рече:

„Прва цел е да се натераат Палестинците да ја напуштат Газа. Тие се обидуваат да ги пратат во Судан, Сомалија или Сомалиленд. Тоа е планот, но во исто време се спроведува планиран геноцид.“

Нејман рече дека Нетанјаху не е единствен виновник и додаде дека „главната жила“ на Израелците, исто така, го поддржува овој геноцид“.

Зборувајќи дека откако ќе се постигне траен прекин на огнот, луѓето што денес молчат ќе имаат храброст да проговорат, но тоа нема да значи ништо, Нејман додаде:

„Доколку светот не интервенира за да го спречи ова, прогонството ќе продолжи. Оваа ситуација веројатно ќе ескалира и ќе влијае врз другите делови на регионот, можеби и други делови во светот.“

„Се надевам дека ќе видиме сè повеќе луѓе, особено на Запад, кои преземаат акција за да ја запрат израелската политика на етничко чистење, апартхејд и геноцид“, рече Нејман.

Зборувајќи дека одлуката на Меѓународниот кривичен суд за апсење на Нетанјаху и поранешниот министер за одбрана Јоав Галант во истрагата за „злосторства против човештвото“ е позитивен чекор, Нејман изјави дека организациите за права, адвокатите и активистите за човекови права низ светот сè повеќе ќе прават правни напори против Израел за да го повикаат Израел на одговорност за злосторства против човештвото и геноцид.

Нејман изрази надеж дека повеќе луѓе ќе преземат акција против израелските напади и дека „западните влади ќе се спротивстават на тиранијата“.

Наведувајќи дека и покрај молкот, луѓето низ светот се загрижени за израелските напади, Нејман на крајот истакна:

„Светот може да го запре ова!“



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

MARKETING

MARKETING

Претходно

Комисија ќе решава за лиценци за кабаре – надлежните лица ќе мора на терен да ги проверат објектите

Следно

Владата ја прекинува постапката за разрешување на државниот јавен обвинител

Latest from Blog

Руската ФСБ пристигна во Србија, ќе анализираат дали бил употребен звучен топ на 15 март

Во Србија пристигнале експерти од Федералната служба на Руската Федерација во врска со наводната употрена на звучен топ на протестот на 15 март, изјави денеска српскиот претсеател, јави МИА од Белград. Александар

Пет пациенти пуштени денеска, двајца се враќаат од Литванија и Шведска, четворица во критична состојба

Од вкупно хоспитализираните 21 пациент во Скопје по несреќата во Кочани, денеска ќе бидат пуштени пет. Четири пациенти од оние што се лекуваат во странство се критични, кај двајца повторно е влошена

Ердоган разговараше со палестинските и катарските лидери за израелските напади врз Газа

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган одвоено телефонски разговараше со палестинскиот претседател Махмуд Абас и катарскиот емир Шеик Тамим бин Хамад Ал-Тани за израелските напади врз Газа и Западниот Брег, како и за

Реал со најмногу фудбалери во тимот на „Трансфермаркт“ на најскапи играчи на светот

Интернет порталот „Трансфермаркт“ претстави тим од најскапите фудбалери во светот, врз основа на последните ажурирања. Реал Мадрид има најголема застапеност во симболичниот тим – четворица играчи. Најскапи фудбалери се Винисиус Жуниор од

„Ели богрунде“ – главно јадење на ифтарските софри во Кахраманмараш

– Ѓокан ЧАЛИ Јадењето „ели богрунде“, кое е еден од важните вкусови на кујната на Кахраманмараш, регистрирано и со географска ознака, е меѓу незаменливите јадења на трпезите за ифтар во месецот Рамазан.
Go toTop