Активистите реагираат за видео на кое мачка виси од автомобил на патот Штип-Неготино

March 4, 2025
1 min read

На социјалните мрежи се споделува видео на кое се гледа возило, а од неговиот заден дел виси мачка. Видеото се споделува од граѓаните и граѓанските активисти со осуда за мачење на животното. Од Секторот за внатрешни работи денеска информираат дека работат на расчистување на случајот.

Откако на социјални мрежи се појави снимката со возилото, полициски службеници од СВР Штип преземаат мерки и активности за пронаоѓање на сторителот и за расчистување на настанот, се вели во пишаниот одговор од СВР-Штип.

Од граѓанската иницијатива „Ние за благосостојба на животните/We for Animal Welfare“ информираат дека веќе доставиле пријава до Министерството за внатрешни работи по електронски пат, заедно со видеата.

Во текот на денешниот ден истата пријава ќе биде доставена и во хартиена форма до архивата на Секторот за внатрешни работи во Штип. Дополнително, ќе биде доставена и кривична пријава до надлежното јавно обвинителство за овој случај, велат од граѓанската иницијатива Ние за благосостојба на животните.

Нагласуваат дека од видеото не може точно да се процени во каква состојба е мачката, но како што посочуваат, независно од тоа ова е еден од честите примери на мачење животни на ваков начин (со врзување и влечење за возило).

За сличен случај, во судската пракса веќе постои пресуда од Основниот суд (К-506/22) во Гостивар за лицето Ѓ.Д., кое под исти околности влечело животно – куче, врзано за своето возило, по што му нанело тешки повреди. Не постои разумно, ниту логично објаснување зошто некој би го сторил ова, па оттука ваквите дејствија несомнено имаат обележја на кривичното дело „Убивање и мачење животни“ и против сторителот или сторителите треба да се покрене кривична пријава по службена должност, велат од иницијативата Ние за благосостојба на животните.

Посочуваат дека од информациите со кои располагаат видеото е снимено во текот на вчерашниот ден, на патот Штип-Неготино кон планината Серта. Сторителот засега не им е познат, но сметаат дека надлежните институции лесно можат да дојдат до идентитетот на лицето, со оглед на тоа што на видеото се гледа бројот на регистарските таблички.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Кривична пријава против полициски службеници за злоупотреба на службената положба, фалсификување исправа и спречување на докажување

Следно

Во прекин сообраќајот на автопатот Тетово-Гостивар – има сообраќајка!

Latest from Blog

Кина ги повика САД да го продолжат со дијалогот со Русија за стратешка стабилност

Кина ги повика Соединетите Американски Држави да ги продолжат со разговорите со Москва за стратешката стабилност и последователните аранжмани по истекот на новиот договор за намалување на стратешкото вооружување (Нов старт) меѓу

Арафат: Недостатокот на противпожарна заштита е заеднички за трагедиите во Кочани, Букурешт и Кран-Монтана

Заедничко за пожарите во клубовите во Кочани, Букурешт и Кран-Монтана е тоа што во сите три објекти немало или не се почитувале протоколите за заштита од пожари, кажа денеска во Скопје Раед

Декември 2025 натпросечно топол и потпросечно врнежлив

Декември минатата година бил натпросечно топол и потпросечно врнежлив, покажуваат мерењата и набљудувањата на среднодневните температури и врнежи во метеоролошките станици на Македонија. Во споредба со просечните декемвриски средномесечни температури за триесетгодишниот

Нови авиолинии, повеќе туризам, посилна трговија: Николоски и амбасадорот на Црна Гора за поблиски врски меѓу двете земји

Заменик претседателот на Владата и министерот за транспорт Александар Николоски оствари работна средба со амбасадорот на Црна Гора во Република Македонија, Зоран Миљаниќ. На средбата се разговараше за актуелните состојби во двете

Проданоски: Љубиша Јованоски ја презема директорската функција во „Комуналец“ – Прилеп

На чело на Јавното комунално претпријатие „Комуналец“ – Прилеп е именуван нов директор. Станува збор за Љубиша Јованоски, дипломиран економист, кој ја презема функцијата со јасна определба за воведување позитивни промени, зголемување
Go toTop