Актерката Стојановска ослободена од вина за шверц со дрога: Знаев дека немам ништо со кокаин и криминал

March 15, 2023
1 min read

Апелација ја потврди пресудата на Кривичниот суд, со која актерката Силвија Стојановска беше ослободена од вина за обвинението во кое се товареше за помагање при транспорт со дрога. Одлуката е јавно објавена, а актерката за „Макфакс“ посочува дека верувала оти случајот вака ќе заврши уште од првиот момент кога била обвинета.

„Задоволна сум од пресудата. Ја знаев од самиот почеток. Знаев дека немам ништо со организиран криминал и со кокаин затоа што никогаш во животот не сум имала допир со криминал. И ова е, фала богу, правичен заклучок“, вели Стојановска.

Ослободителната пресуда актерката Стојановска ја доби на повторено судење. Апелација претходно донесе одлука со која ја укина првостепената пресуда, каде што актерката беше осудена на 3,6 години затвор.

Според обвинението, Стојановска и Будисављевиќ организирале транспорт на 700 килограми кокаин од Колумбија во Шпанија.

Актерката, нејзиниот партнер Воислав Будисављевиќ и брат му, кој има исти иницијали В. Б., се дел од организирана криминална мрежа, која договорила набавка на кокаин во Колумбија, го пренеле преку Атлантскиот Океан во Шпанија, го скриле во магацин во Мадрид и договориле негова продажба.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Холандски суд: Фејсбук постапил незаконски при обработката на личните податоци на корисниците

Следно

УЕФА се закани со санкции во случај на забрана за гостински навивачи

Latest from Blog

Ова е фаулот поради кој Елмас го доби првиот црвен картон во кариерата на лигашки меч (Видео)

Ретко се случува Елиф Елмас да добие црвен картон, вечерва на мечот Аталанта – Венеција беше исклучен за првпат во кариерата на еден лигашки натпревар. Претходно, Елмас поцрвенувал само по еднаш во

Најопасната закана од Америка за Украина досега

 Условот е Киев да престане со нападите со оружје со долг дострел врз руските енергетски постројки. Двајца европски претставници ја потврдија оваа информација за Си-ен-ен (CNN). За време на викендот, Стејт департментот

Лотар Матеус посочи кој треба да застане на голот на Баерн: „Ме потсетува на младиот Нојер“

Легендарниот германски фудбалер Лотар Матеус не штедеше пофалби за младиот голман на Баерн Минхен, Јонас Урбиг, во кого гледа потенцијален наследник на Мануел Нојер на голот на баварскиот гигант. Дваесет и тригодишниот
Go toTop