Ако овој добие, има надеж за многумина

February 1, 2023
1 min read

Човекот кој сакал да влезе во романтична врска со една жена иницијално се заканил дека ќе ја тужи за емоционална траума откако разбрал дека таа го гледа него само како пријател. 

Првичната закана била одложена откако таа прифатила да одат на советувалиште, но година ипол подоцна, таа останала на своето, а тој не можел да се помири со тоа. 

Откако престанала секаков контакт, тој поднел две тужби против неа – 3 милиони долари за тоа што нанаела „штета на неговата беспрекорна репутација“ и му нанела траума и депресија, а бара и 22.000 долари затоа што го прекршила договорот дека ќе ги подобрат односите.

Втората тужба му е веднаш одбиена, но првата сè уште е во игра.

Тие се сретнале во 2016-та и со тек на време станале пријатели. Проблеми се јавиле четири години подоцна, кога си кажале како се гледаат еден со друг. Таа го сметала за пријател, ама тој неа за „најблизок пријател.“ 

Побарала да ги разретчат дружењата, што го изнервирало бидејќи тоа било чекор назад во нивната врска. Таа инсистирала да постават граници во односите и побарала од него малку да „држи до себе“. 

Ѝ пратил писмено барање, заканувајќи се со судска разврска која ќе има монетарни последици. 

Прифатила да одат на советувалиште само затоа што верувала дека така полесно ќе помири со фактот дека не се дечко и девојка. После една ипол година сфатила дека тоа нема поента, па престанала, по што тој ги поднел тужбите. 

Онаа помалата тужба веднаш му е одбиена, но за 3-те милиони долари ќе се тепаат на суд. 

ИЗВОР: off.net.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Не се клади на Енглези“ вечерва во МНТ

Следно

Како се случи Драгослав Бокан, за кого Македонија е вештачки конструкт што ќе се распадне, да беседи пред Ковачевски и Мицкоски

Latest from Blog

Хоџа: Заштитата на Вардар мора да биде државен приоритет, потребни се конкретни мерки и стабилно финансирање

Заштитата на реката Вардар и одговорното управување со водните ресурси мора да бидат меѓу долгорочните приоритети на државата, со јасно дефинирани институционални обврски, стабилно финансирање и координирана соработка меѓу различните сектори. Ова

На Халкидики почнува со работа рудникот за бакар и злато, македонското рударство „тоне“

Рудникот „Скуриес“ на Халкидики се приближува до почетокот на комерцијалното производство на бакар и злато, откако компанијата „Елдорадо Голд“ ги активираше сите четири филтер-преси за филтрирање на јаловината. Со ова е исполнет

Божиновска: Македонија станува важна енергетска врска во регионот, градиме решенија што ќе траат со генерации

Македонија е поинаква од пред две години. Создаваме решенија што траат и градиме иднина. Нашата одговорност е одлуките што ги носиме денес да обезбедат сигурност за генерациите што доаѓаат – порача министерката

ВЛЕН: Додека министрите на ДУИ играа фудбал во канцелариите, нивните партнери во власта им даваа голови

Влен јавно одговори на писмото на Али Ахмети, претседател на Демократската унија за интеграција. „Вчерашното писмо на Али Ахмети, во кое тој јавно изнесува низа дилеми и невистини во врска со службената

Пожари во две руски рафинерии по напади со украински дронови во Самарската област

Две рафинерии на руската нафтена компанија „Роснефт“ утрово се зафатени од пожари во Самарската област, по напад со украински беспилотни летала, објавија украински медиуми, повикувајќи се на извештаи од теренот. Станува збор
Go toTop