Ако некој знаел за нападот, тоа е Иранската револуционерна гарда

October 9, 2023
1 min read

Ирански безбедносни функционери го помогнале планирањето на молневитиот напад на Хамас и дале зелено светло за него за време на минатонеделниот состанок што го имале во Бејрут со Хамас и Хезболах.

Офицери на ИРГ уште од август работеле со Хамас на составување на планот за воздушен, копнен и поморски упад, а деталите околу операцијата биле договарани за време на состаноци во Бејрут.

Наспроти изјавите од Хамас и Хезболах кои ги пренесува Вол стрит журнал, министерот за надворешни работи на САД Ентони Блинкен изјавил дека „се уште немаме видено докази дека Иран управувал или е зад овој конкретен напад, иако тие имаат долгогодишна врска.“

Потврда на изјавите од Хамас и Хезболах, ВСЖ добива и од висок европски функционер и советник на сириската влада.

„Големиот план на ИРГ е да создаде повеќестран фронт кој ќе го опседне Израел од сите страни – Хезболах и ПЛА од северот, а Палестинскиот исламски џихад и Хамас во Газа и на Западниот брег, тврдат високи членови на Хамас и Хезболах и ирански функционер,“ пренесува Вол стрит журнал.

Истите овие извори тврдат дека Иран ги смирувал другите регионални конфликти што ги има, пример во Јемен против Саудиска Арабија, за да посвети време, финансии и обука на групи што се непријателски настроени кон Израел.

Целта, меѓу другото, е да се удри Израел дур земјата е во сериозна политичка криза, и да се нарушат преговорите меѓу двата непријатели на иранската држава, Израел и Саудиска Арабија под покровителство на САД, со што ќе се продолжеше серијата на израелско помирување со арапскиот свет.

Наводно од иранска страна операцијата за ставање под контрола на повеќе израелски непријателски групи ја води Исмаил Каани, првиот човек на Кудс огранокот во ИРГ. Каани уште од април започнува координација на неколку милиции, по која за прв пат Хамас почнува поблиску да соработува со Хезболах. Хамас иако под иранска капа, како сунитска група, долги години е третиран како „аутсајдер“ меѓу шиитските милиции под контрола на Техеран. На состаноците што претставниците на сите овие групи ги имаат изминатиов период, освен сите нивни лидери, се појавиле и самиот Каани и министерот за надворешни работи на Иран.

ИЗВОР: off.net.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Фондот на холокаустот го објави четвртиот награден конкурс „Раскажувам фотографија“

Следно

Блупринт групата се повлекува од изработката на новиот КЗ: Нема да учествуваме во процеси во кои правото и правниот систем се злоупотребуваат

Latest from Blog

МАКЕДОНСКИ ДРЖАВЈАНИ ЗАГИНАЛЕ НА АВТОПАТОТ БЕЛГРАД – НИШ, автомобилот имал германска регистрација

Две лица загинаа во тешка сообраќајна несреќа што се случи рано утрово на автопатот Белград-Ниш, дознава „Telegraf.rs“. Неофицијално, возачот на автомобилот „Сеат“ ја изгубил контролата врз возилото и излетал од патот. Маж

На култниот португалски клуб му се заканува целосно згаснување на крајот од годината

Фото: Боависта Х Поранешниот португалски шампион Боависта минува низ најтешките моменти во својата историја. Откако клубот беше исфрлен во аматерскиот ранг на натпреварување, сега му се заканува и целосно згаснување. Судот донесе

Маглата го отежнува авиосообраќајот на скопскиот аеродром, откажани и одложени повеќе летови

Маглата го отежнува авиосообраќајот на скопскиот аеродром, каде, според податоците од официјалната веб страница, има повеќе откажани и одложени летови. На официјалната страна на Меѓународниот аеродром Скопје, од утринава откажани се летовите

Започна најголемиот зимски фестивал во Македонија – „Зимска приказна“ во Битола

Битола – Со синоќешниот концерт на групата „Супер хикс“ на платото кај Офицерскиот дом, официјално започна празничната манифестација „Зимска приказна“ во Битола, која и оваа година го оживува градот во пресрет на
Go toTop