Ако настапи против Македонија, Витсел ќе урне рекорд стар еден век

October 8, 2025
1 min read
фото: Nieuwsblad Sport
(X)

Доколку Аксел Витсел настапи в петок на мечот против нашата фудбалска репрезентација во Гент, тој ќе го сруши рекордот во репрезентацијата кој постои повеќе од еден век.

Според белгиските медиуми, Витсел би можел да стане репрезентативецот на Белгија кој ќе има најдолг стаж во историјата на националниот тим, рекорд што моментално го држи Хектор Гетинк. Поранешниот играч од средниот ред на Клуб Бриж помина 6.402 дена – 17 години и шест месеци – меѓу неговиот прв избор во репрезентацијата во 1906 година против Франција и неговиот последен во 1923 година против Англија.

Аксел Витсел, кој го имаше своето деби за репрезентацијата на 26 март 2008 година во пријателски натпревар против Мароко (1-4), би можел да го надмине Гетинк со 6.408 дена меѓу неговиот прв и последен настап ако игра против Македонија.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Трет ден преговори за Газа – Трамп: Има шанса за прекин на огнот

Следно

Белградски медиуми: Во станот во кој загина Македонец во Белград имало 1.5 кг експлозив

Latest from Blog

Се продлабочува хуманитарната катастрофа во Јемен- загрозени се милиони деца

„Длабоко сме загрижени за многу видливиот пораст на акутната неухранетост кај децата“, изјави Акхил Ијер, претставник на УНИЦЕФ во Јемен, за новинарите во Женева преку видео врска од Аден. Повеќе од една

Пезешкијан од хотел во Њујорк ги откри плановите на Иран за убиство на Трамп и за нуклеарното оружје (ВИДЕО)

За време на обемното интервју, еден ден по обраќањето пред Генералното собрание на Обединетите нации, Пезешкијан ги повтори добро познатите ставови на Иран за војната, неговата нуклеарна програма и внатрешното незадоволство. Тој,
Go toTop