Ахмети: Мицкоски добро да се подготви, за 1 година заедно со локалните и парламентарни избори

November 1, 2024
1 min read

„Мицкоски вчера изјави дека денеска е една година од предвремените парламентарни избори, нека се подготви добро за теренот“, изјави првиот човек на ДУИ, Али Ахмети вечерва во Боговиње, јавува репортерот на ТВ21

Ахмети вели дека ја поддржува идејата во октомври следната година заедно со локалните избори да се одржат и парламентарните избори.

„Самиот Мицкоски вчера изјави дека на денешен ден за 1 година ќе бидеме на предвремени парламентарни и локални избори. Овде му се суди на Христијан Мицкоски, дали е човек кој си стои на зборот или само го кажа тоа за да ја исплаши македонската опозиција. Македонската опозиција мора да биде храбра затоа што немаат што да загубат, нека се подготват добро за теренот со ВМРО, ние на мегданското поле со сите оние кои не мислат како нас, и оние кои не мислат, мислат дека дека денес се отстранети како претставници на Албанците во институциите на државата“, изјави првиот човек на ДУИ Али Ахмети.

Понудата повторно да се соочат на предвремни параламентарни избори Мицкоски му ја упати на неговиот политички ривал Венко Филипче на вчерашната седница за пратенички прашања, како одговор на обвинувањата од лидерот на СДСМ дека ги лажеле гласачите дека никогаш нема да ја употребат придавката „северна“, а по изборите почнале да го користат новото уставно име на државата, при што го повика премиерот да го врати мандатот.

ИЗВОР: ТВ 21

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Гаши: Студентите да бидат поагилни, погласни, покритични

Следно

Стаменкоска Трајкоска: Претходната власт ги злоупотребуваше институциите, со исплата на средства на фирми блиски до нив

Latest from Blog

Израел: Убивме неколку вооружени терористи во Сирија

„Вчера, воените сили елиминираа неколку вооружени терористи во безбедносната зона на југот на Сирија“, се вели во соопштението на армијата, додавајќи дека тие ќе „продолжат“ да дејствуваат таму „и да елиминираат каква

Муцунски од Дубровник: Не постои „северномакедонски“ народ, целта ни е успешно да ги завршиме преговорите

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска, на покана на министерот за надворешни и европски работи на Република Хрватска, Гордан Грлиќ Радман, учествуваше на панел-дискусијата „The EU and the
Go toTop