Ахмети го чека Годо

December 30, 2024
2 mins read

Али Ахмети е заглавен во времето. Не, не дејствува како поред 22 години, не смее по шлаканиците со Црните листи и пораките „во шише“ кои беа дел од нив. Сега, според последната национал-романтичарска изјава за „албански територии“ на кои се криел Груби, првиот човек на ДУИ е некаде во 19-от век. Максимум. Жанровски, пак, во антидрама, некој малоречански театар на апсурдот. И тој, исто како Владимир и Естрагон во антологискиот „Чекајќи го Годо“ на Бекет, го чек својот Годо, востоличен и олицетворен во ликот и неделото на Артан Груби. Ќе се врател, вели Ахмети. Веројатно утре, можеби денес, а најверојатно вчера…

Дека лидерот на интегартивците е во некој филм од типот на „и така мрморецот ја виткаше чоколадата во сребрена фолија“, покажува и изјавата која е надвор во реалноста. Замислете, Груби, Годо ли, не бил во бегство, тврди Командантот за својот лојален војник, како што самиот Артан се декларираше во април годинава.

Ахмети, кој во Косово учествуваше на приемот за ветераните УЧК (во време кога се најавува расчистување со злосторствата против човештвото на Балканот) што вчера го организираше претседателот на Алијансата за иднината на Косово на Рамуш Харадинај, во изјава за медиумите во стил на Баба Ванѓа или поверојатно Клеопатра пророчица откри дека знае каде се наоѓа Артан Груби и дека истиот наводно бил подготвен да се појави пред органите на правдата, „но не во одмаздничката и селективна правда“, каква што за да не се врати си ја замисли Артан, туку во процес на ветинг за сите функционери до денес. Значи, Артан демек ќе се врати кога ќе се спроведе она што ДУИ 22 години на власт постојано го зборува, но никако да го оствари. Сега во опозиција. Во превод, Артан ќе се врати „вчера“.

„Не сум го сретнал Артан Груби. Тој е добро, неговата локација е секако во албанските простори, тоа е процес кој мора да има епилог. Aртан Груби не избега од Македонија. Артан Груби е подготвен да се појави пред органите на правдата, да ги почитува законите, но не во одмаздничката и селективна правда. Ние сме подготвени да одговориме во секој момент и побаравме да се направи ветинг во државата и да се отворат сите политички партии, да се отвори истрага за сите функционери до денеска. До последната точка ќе работиме и ќе се бориме, ќе наредуваме и ќе отвориме истрага за сите“, изјави Ахмети.

Нејсе што Ахмети се конфронтираше со својот пулен Бујар, кој виде шанса да го замени Груби и сочно го испоплука бегалецот од правдата. Тешка статива за Османи, кој ја потцени љубовта на Командантот кон својот политички посинок Артан. И додека Али го чека Годо, ОЈО го чека да каже каде е Артан. Или, барем, треба да го повика и дочека, секако, ако наеднаш пак ќе ги фати мешето, дијареа, разно-разни вируси и еди-којси здравствени проблеми предизвикани од промаја, седење на цемент или пиење ладна вода.

Во меѓувреме, најдени во немилост на Америка и соочени со половина партија на Црни листи на САД, очебијна е задоцнетата трансформација во која интегративците и Али станаа невидени прадвољупци и ветингари. Прашањето е само уште колкумина ќе пребегаат кај Груби на „албански територии“, бидејќи во меѓувреме се крчкаат уште многу обвиненија и за нив и за врхушката на СДСМ. Ќе ги земат ли со себе и довчерашните коалиционери и соучесници во криминалот? Знаеме и дека сите ќе се вратат како Артан, кога „ќе има услови за тоа“ и кога ќе нема „селективна и одмаздничка правда“ Во превод, ќе дојдат кога ќе дојде и Годо. Никогаш…

 

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Еден загинат во пожар во хотел кај Метеора

Следно

Околу 70 илјади работници не ја добиле ноемвриската плата

Latest from Blog

Драма на аеродром во Шкотска: Авион се судрил со камион за гориво, патниците итно евакуирани

Авион на „Рајанер“ се судри со камион за гориво на аеродромот во шкотскиот главен град Единбург, поради што патниците беа евакуирани. Авионот требало да лета за Фаро, Португалија во 10 часот наутро.

Сајкоски: По години застој, автопатот Кичево-Охрид набрзо ќе донесе побрз транспорт и регионален развој

Денес остваривме теренска посета на патниот правец Кичево-Охрид, со посебен осврт на делницата кај Пресека, заедно со министерот за транспорт и врски, Александар Николоски и директорот на Јавно претпријатие за државни патишта,

Божиновска: Нема да има прекини во греењето, државата има доволно резерви на мазут

Граѓаните нема да почувствуваат никакви прекини во снабдувањето со топлинска енергија, иако ЕСМ побара прогласување кризна состојба. Министерката за енергетика, Сања Божиновска, денеска на брифинг со новинарите порача дека државата има доволно
Go toTop