Агелер: Политичките лидери треба да им објаснат на граѓаните зошто се носи законот за амнестија

October 4, 2023
1 min read

Таа нагласи дека е запознаена оти законот е влезен во собраниска процедура, но дека не е ја знае неговата содржина и додаде дека е важно политичките лидери да ја запознаат јавноста со потребата од негово носење

За САД и за американската амбасада е важно процесите како донесувањето на предложениот закон за амнестија да се одвиваат транспарентно и да бидат легални.

Ова го посочи денеска американската амбасадорка Анџела Агелер во врска со предложениот закон за амнестија одговарајќи на новинарско прашање при посетата на селото Радово по повод пуштање во употреба на предучилиштен едукативен центар во Босилево, преку програма на УСАИД.

Таа нагласи дека е запознаена оти законот е влезен во собраниска процедура, но дека не е ја знае неговата содржина и додаде дека е важно политичките лидери да ја запознаат јавноста со потребата од негово носење.

„Граѓаните во земјата треба да разберат што се случува и зошто тоа се случува и нивните избрани лидери да комуницираат со нив зошто тоа е важно. Ова не е прв закон за амнестија, секако нема да биде последен и ние одблизу го следиме процесот за да го видиме крајниот резултат“,

рече Агелер.

Кабинетот на претседателот на парламентот вчера информира дека законот веќе е доставен до пратениците и е предложен да се носи по скратена постапка.

Премиерот Димитар Ковачевски вчера дециден дека законот не е правен за личности, туку за дела од помал обем со намера за релаксирање на пренатрупаните капацитети, а од опозицијата остануваат на ставот дека со законот се опфатени „озлогласени криминалци“.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Како американската опрема стига до Украина

Следно

За интерпелацијата на Јовески ќе се расправа на првата нова седница, кога не се знае

Latest from Blog

Официјални информации за земјотресот кој вечерва ги вознемири граѓаните во Македонија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва во 22 часот и 5 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од територијата на Р. Косово,

БМВ и камион се судрија настана пожар кај Хиподром, затворен автопатот кон Скопје

Тешка сообраќајна несреќа проследена со пожар вечерва предизвика целосен застој на автопатот на влезот во Скопје, на потегот кај Хиподром во правец кон главниот град. Според првичните неофицијални информации, станува збор за

Снимено е убиството на 29- годишен фудбалер, главен осомничен е брат му (ВИДЕО)

Главниот осомничен за убиството на 29-годишниот Пирес е неговиот сопствен брат, кој побегнал од местото, јавуваат аргентинските медиуми. Клубот Алмирате Браун каде настапуваше Пирес излезе со соопштение во кое изразува сочувство до
Go toTop