Агелер: Нема да имате поголем поддржувач и партнер од САД во остварување на целите

October 4, 2024
1 min read

Нема поголем поддржувач и партнер во остварување на вашите цели од САД и знам дека тоа беше повторено и на средбата меѓу претседателот Џо Бајден и Гордана Сиљановска Давкова, изјави американската амбасадорка Анџела Агелер. 

Прашана каква и во која насока ќе биде најавената зголемена поддршка на САД за Северна Македонија, на средбата меѓу претседателите Џо Бајден и Гордана Сиљановска Давкова, Агелер рече дека тие навистина имале одличен состанок, но нема некоја конкретна сума за која што е дискутирано. 

-Како што веќе кажа и министерот за одбрана и премиерот има повеќе работи коишто треба да се решат, а бидејќи ние веќе соработуваме во голема мера најверојатно ќе се работи на тоа да се прошири соработката која што веќе ја имаме. Во годината што следи има навистина повеќе важни цели и предизвици и за Армијата и за министерството. Како што имаме кажано и претходно, нема да имате поголем поддржувач и партнер во остварување на овие цели од САД и знам дека претседателот, тоа го повтори на средбата со вашата претседателка, изјави Агелер, која заедно со премиерот, Христијан Мицкоски, со министерот за одбрана, Владо Мисајловски, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и генералите во Армијата, присуствуваа на методско-показна вежба на Армискиот полигон „Криволак“. 

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Во тек е повикот на RYCO за младински културен активизам, грантови до 6000 евра

Следно

Посебен режим на сообраќај во недела во Скопје, поради одржување на „Виз ер – Скопски маратон 2024“

Latest from Blog

Фото: Најбараната манекенка има ново момче? Тој е 18 години постар од неа

Познатата манекенка од кланот Кардашијан – Џенер, атрактивната Кендал е една од омилените членови на семејството Кардашијан Џенер, веројатно поради нејзиниот пристап кон животот и работата. 30- годишната Кенедел, за разлика од

Видео: Принцезата Леонор од Шпанија го направи првиот независен воен лет

Принцезата Леонор од Шпанија го направи својот прв самостоен лет како дел од воената обука на Општата авијациска и вселенска академија (AGA) во Сан Хавиер, каде што веќе четири месеци е на теоретска и практична обука

Арсенал со минималец се врати на врвот

фото: Arsenal (X) Арсенал оствари нова победа во Премиер Лигата со 0:1 против екипата на Евертон во вечерашниот натпревар кој се одигра на „Гудисон Парк“. Со оваа победа „топџиите“ повторно го завзедоа

УХМР: Следната недела снег во Македонија

Стабилното и тивко време ќе продолжи до вторник, при што маглата ќе се задржува во котлините, проследена со зголемена облачност. Од вторник навечер се очекува промена на временските услови, со повремени локални
Go toTop