Африм Гаши на средба со потпретседателот на ЕП, Николае Штефануца

October 16, 2024
1 min read

Претседателот на Собранието на Република С. Македонија и шеф на Делегацијата во Интерпарламентарната унија (ИПУ), Африм Гаши, денес оствари средбa со потпретседателот на  Европскиот парламент (ЕП), Николае Штефануца, во рамките на 149. Собрание на ИПУ, што се одржува од 13 до 17 октомври 2024 година во Женева, Швајцарска Конфедерација.

На средбата стана збор за соработката меѓу двата парламенти и актуелните предизвици во процесот на евроинтеграција на нашата земја.

Потпретседателот Штефануца ги пренесе поздравите од претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола и нагласи дека во ЕП посветено се следи состојбата во Република С. Македонија. Тој изрази задоволство што имаме стабилна влада и стабилно мнозинство во парламентот, како значаен фактор за интегративниот процес на државата. Истовремено, тој подвлече дека во Европскиот парламент има многу поддржувачи за нашата интеграција во ЕУ, особено меѓу европратениците кои потекнуваат од потесниот регион и имаат разбирање за значењето и чуствителноста на прашањето.

Претседателот Африм Гаши изрази задоволство од одржувањето на средбата во новиот парламентарен состав и на Собранието и на Европскиот парламент и нагласи дека, за нас, е многу значајно да се оддржува тесна соработка со ЕУ и Европскиот парламент, имајќи ја предвид стратешката определба за што поскоро зачленување во ЕУ. Во врска со условот за уставни измени, претседателот Гаши изрази уверување дека ова прашање може да се реши со добра волја и позитивен пристап. Со оглед на претходно исполнетите обврски од наша страна, очекуваме поголема предвидливост во процесот.

Соговорниците се согласија дека во наредниот период треба да се интензивираат средбите меѓу претставници на Собранието на Република С. Македонија и Европскиот парламент. Со таа цел, Гаши на потпретседателот Штефануца му упати покана да ја посети нашата земја во наредниот период.

Претседателот, Африм Гаши, оствари кратка средба со претседателката на ИПУ, Тулиа Ексон, на која беа разменети мислења за клучната улога на парламентите во промовирањето на глобалниот мир и развој. Беше истакната потребата за континуиран ангажман во насока на зајакнување на демократските институции, преку поттикнување на дискусии за заедничките предизвици со кои се соочуваат земјите.

Во рамките на 149. Собрание на ИПУ, претседателот Гаши оствари поздравни средби со Елиса Спиропали, претседателка на Собранието на Република Албанија, Нуман Куртулмуш, претседател на Големото Национално Собрание на Туркије и Снежана Пауновиќ, потпретседателка на Собранието на Република Србија. На средбите беше подвлечено значењето за реафирмирање на основните вредности на ИПУ и зајакнувањето на меѓупарламентарната соработка.

Претседателот Гаши, исто така, оствари поздравна средба со Бернар Пикард, претседател на Фондацијата Solarimpulse, кој што го направи првиот лет околу светот со соларен авион и е добитник на наградата “Шампиони на светот“ на Обединетите нации. Целта на оваа фондација е изнаоѓање на иновативни решенија за еколошката криза и нивно промовирање пред носителите на одлуки, со цел да се забрза транзицијата кон одржлива економија.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Шпанската влада е против создавање центри за мигранти во земји надвор од ЕУ

Следно

„Велибор Манев ни кажа дека тие се виновни за убиството на Вања, ни покажа каде е закопан Панче и дека во него пукал Палчо“, сведочеше денеска поранешниот началник на СВР Велес

Latest from Blog

Претставници на Меѓународната организација – Транспортна заедница во посета на Собранието

Собранието на Република Северна Македонија денеска ќе го посетат претставници на Меѓународната организација – Транспортна заедница. Како што информираат од собраниската прес-служба, претставниците на Меѓународната организација – Транспортна заедница ќе остварат средба

Реал и Дортмунд ќе водат битка во четвртфиналето, но браќата Белингем нема да играат еден против друг!

Реал Мадрид и Борусија Дортмунд синоќа ја оправдаа фаворитската улога и се пласираа меѓу осумте најдобро на Светското клупско првенство каде ќе имаат меѓусебен дуел. Многумина можеби очекуваа и братски дуел на

Трамп: Израел се согласи на „неопходните услови“ за финализирање на 60-дневниот прекин на огнот во Газа

ВАШИНГТОН (АА) – Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Израел се согласил на „потребните услови“ за финализирање на 60-дневниот прекин на огнот во Појасот Газа, јавува Анадолу. Во објава на неговата платформа
Go toTop