АЕК годинава со расходи од 596,35 милиони денари, за антенскиот столб на Водно 22,6 милиони денари

January 17, 2023
1 min read

Од 130 мерки содржани во Стратегијата и Акцискиот план за реформи во правосудниот систем, само 52 отсто се целосно реализирани, покажува извештајот од направената ревизија од Државниот завод за ревизија. Како што информираа денеска оттаму, 34 проценти се делумно, а 14 проценти се нереализирани.

– Во рамки на Буџетот на Република Северна Македонија од планираните средства во вкупен износ од 366 милиони денари за финансирање на 15 мерки, заклучно со 31.12.2021 година, реализирани се околу 74 милиони денари, односно 20 отсто, стои во извештајот објавен од ДЗР на тема „Ефективност на спроведување на Стратегијата за реформи во правосудниот сектор 2017-2022 година и спроведување на Акцискиот план на стратегијата“.

Ваквата состојба, како што се посочува во извештајот, се должи на несоодветното дефинирање на мерките за остварување на целите, отсуството на јасни и мерливи индикатори, нереални рокови, проценети извори на финансиски средства, недоволна координација на институции/надлежни тела носители на мерки и активности.

Целта на извршената ревизија, како што е наведено, била да се даде одговор на тоа дали мерките и активностите дефинирани во Акцискиот план придонесуваат за  остварување на целите од Стратегијата за реформи во правосудниот сектор 2017 – 2022 година.

-Стратегијата за реформи во правосудниот сектор 2017-2022 година е основ за продолжување на реформите во секторот Правда на Република Северна Македонија во насока на исполнување на дадените препораки во Извештаите за напредокот на земјата од Европската Комисија, поглавје 23 – Правосудство и фундаментално права на патот на евроинтегративниот процес. Со ревизијата е констатирано дека од 130-те мерки содржани во Стратегијата и Акцискиот план, само 52 отсто се целосно реализирани, 34 проценти се делумно и 14 отсто се нереализирани, се наведува во соопштението од ДЗР.

Од ДЗР велат дека со изготвување и усвојување на Стратегијата со Акцискиот план за периодот 2017-2022 година, предвидени се фискални импликации од Буџетот на РСМ за периодот 2018-2021 година, како и планирани средства од ИПА и друга странска помош.

Нискиот  степен на реализација на планираните средства се должи на нереализирање на предвидените средства за мерката 2.2.8-2 – Изградба на нови просторни услови, што претставува 40 проценти од предвидените средства, како и неискористеност во целост на средствата предвидени со мерката 4.1.3.5-1 – Јавно обвинителство на РМ за просторно уредување и одвоеност на ЈО од судовите, каде се планирани повеќе средства од потребните за 15 отсто.

Во однос на следење и известување за спроведување на активностите за исполнување на целите од Стратегијата, ревизорите констатирале пропусти во функционирањето на Советот за следење на имплементација на Стратегијата, како и во нејзиното работење без утврдена Методологија за следење и евалуација на резултатите од спроведените мерки и активности, со цел оценување мерење на степенот на остварените и постигнатите цели.

Со спроведената ревизија, како што истакнуваат од ДЗР,  се стекна разумно уверување дека мерките и активностите дефинирани во Акцискиот план делумно придонесуваат за остварување на целите од Стратегијата за реформи во правосудниот сектор за периодот 2017 – 2022 година.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Лајен: На Украина и се уплатени првите три милијарди помош од планираните 18 милијарди евра

Следно

Конституиран Домот на народите на Парламентот на Федерацијата БиХ

Latest from Blog

„ВРЕМЕ Е УКРАИНА ДА ДОБИЕ НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ!“ Трамп повика на смена на Зеленски: „Имаше многу шанси, не искористи ниту една од нив“ (ВИДЕО)

Доналд Трамп, претседателот на Соединетите Американски Држави, отворено повика на промена во украинското раководство, велејќи дека е време Украина да добие нов претседател наместо Володимир Зеленски. Тој ја даде изјавата пред новинарите

Во Шведска е одигран најлудиот меч во историјата, паднаа 11 гола во вториот дел, а победникот беше решен во 99-та минута (Видео)

Фудбалерите на АИК и Бромапојкарна одиграа натпревар за паметење во шведскиот фудбал, во кој беа постигнати дури 11 гола во второто полувреме. Гостите на крајот славеа со неверојатни 5-6, иако во финишот

Хет-трик на Нкунку во дебаклот на Ајнтрахт Франкфурт (Видео)

Лајпциг продолжи со убедливите настапи и по репрезентативната пауза, откако на домашен терен го прегази Ајнтрахт Франкфурт со неверојатни 6-0 во натпреварот од петтото коло во Бундеслигата. Во центарот на вниманието беше
Go toTop