Адвокатот на Груби поднел жалба на одлуката за притвор

December 19, 2024
1 min read

Адвокатот на Артан Груби, по кого е распишана меѓународна потерница за проневера на пари во „Државна лотарија“ поднел жалба на одлуката за притвор, потврдија од Кривичен суд-Скопје.

Оттаму велат дека одлука ќе се донесе во следните денови.

Министерството за внатрешни работи распиша меѓународни потерници за поранешниот вицепремиер Артан Груби и поранешниот директор на Државна лотарија, Перпарим Бајрами, кои се товарат за проневера на околу осум милиони евра од Државната лотарија. Јавното обвинителство претходно соопшти дека ќе побара од МВР да распише потерница по Груби и Бајрами, на кои Основниот кривичен суд им определи мерка притвор од 30 дена, а кои моментално се недостапни за органите на прогонот.

Адвокатот Антонио Апостолски ќе го застапува поранешниот директор на Лотарија, Бајрами, во случајот за кој тој заедно со поранешниот вицепремиер Груби и уште неколкумина е осомничен за проневера на околу осум милиони евра во Лотарија. Информацијата вчера за МИА ја потврди самиот Апостолски, кој рече дека Бајрами не е избеган од државата туку веќе неколку месеци живее надвор од земјава.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Средба Ердоган-Сиси: Турско-египетската солидарност е клучна за напорите за хуманитарна помош во Газа

Следно

Николоски: Лотарија била перална за пари, дувло на криминал – Артан Груби нема каде да се крие

Latest from Blog

Уметноста на живеењето како заедничка вредност: Diners Club и Драмски театар во нова ера на соработка

Во срцето на секоја заедница стојат приказните кои не обликуваат, а во Скопје, тие приказни веќе осум децении се раскажуваат на сцената на Драмски театар. Токму во годината на овој значаен јубилеј

Повеќе ред и хигиена на гробиштата во Прилеп

Екипите на ЈКП Комуналец Прилеп поставија дополнителен број корпи за отпадоци на Старите и Новите градски гробишта во Прилеп, со цел подобрување на хигиената и одржувањето на просторот. Од претпријатието информираат дека

Божиновска: Модернизацијата на енергетиката продолжува со нови проекти

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, заедно со премиерот Христијан Мицкоски и министерот за транспорт Александар Николоски, присуствуваше на свеченото отворање на новата 100/35 киловолтна трафостаница „Централна“ во Скопје,
Go toTop