Абрамсот нема да и заврши работа на Америка на Пацификот

November 10, 2023
1 min read

Процената на истите овие е дека 70-тонскиот Абрамс е направен за борби во европските рамници, не и за џунглите и далечните острови на Пацификот.

„Логистиката и поддршката, тешки и на двете локации, ескалираат од поголемите дистанци на Индо-пацификот и помалку развиената инфраструктура, вклучително пристаништа и аеродроми,“ пишува во извештајот.

М1 е создаден во средината на 1970-те, и е на ред да биде заменет во време кога американската армија треба да се адаптира на нови услови на фронтот, како дронови и паметни бомби. Експертската процена е дека за американските планери ќе биде монументален предизвик да се согласат на еден тенк за глобални операции.

Историски тенкот секогаш бил фокусиран на Западот и тамошните терени. Измислен од Британците, најуспешно употребен во нацистичкиот Блицкриг, за потоа да биде најмногу произведуван од Русија и Америка. И како таков, тој одлично и речиси целосно го покрива војувањето на Западот.

Процената на бордот е дека ако Америка е сериозна во подготовките за конфликт на Пацификот тогаш тенкот и борбените возила од 5-та генерација ќе треба да бидат доволно лесни за да можат да бидат лесно транспортирани преку море и воздух (Абрамсот е над 70 тони).

„Под овој опис не потпаѓа сегашниот американски оклоп, кој е направен за да се бори против бројни советски тенкови кои јуришаат преку Фулда коридорот меѓу Источна и Западна Германија.

Дури и најдобрите тенкови се бескорисни ако не можат да стигнат до боиштето,“ објаснуваат од Бизнис инсајдер.

Во извештајот на Бордот се наведуваат резултати од воена симулација според која американските тенкови имаат важна улога во одбраната на Тајван, меѓутоа тие не можат да се испорачаат и одржат во доволен број пред Кина да ја оствари својата мисија.

И без идното планирање за војна на Пацификот, Бордот смета дека деновите на Абрамс се изброени откако заклучува дека тој е ранлив на напади од дронови и од најновите анти-тенковски ракети, плус неговиот оклоп може да биде пробиен од 125-милиметарските гранати од руските Т-90 или кинеските Тип 99 тенкови. Според нив, дури и да не е проблем тоа што преголем број Абрамси се паркирани заради дефекти, неговата тежина од 70 тони прави тој да не е „тактички, оперативно или стратешки мобилен.“

Бордот е откажан од тоа дека до 2040 ќе имаат автономни робот тенкови, меѓутоа верува дека решението е некаде во рамките на човечки управувано возило, кое ќе биде полесно и со послаб оклоп, но со подобри системи и заштита од напредни закани како дронови и модерни ракети.

Алтернативите што тие ги имаат поминато се: 60-тонски тенк со 130-милиметарски топ и екипаж од тројца, што било прогласен дека е недоволно мобилен. 40-тонски лесен тенк со голем топ, што било прогласен дека нема доволно заштита. Тоа што малку повеќе ги заинтересирало е опцијата за 30-тонско возило опремено со хипербрзи ракети кои би ги придружувало тенковите.

Едно од позначителните откритија во извештајот е дека аналитичките капацитети на армијата, како моделирање и симулација, кои биле водилка при развојот на М1 повеќе не постојат.

ИЗВОР: off.net.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Костадиновска-Стојчевска од Париз: Мојата земја го има благословот Охридски Регион, препознаен и високо вреднуван од УНЕСКО

Следно

Израел ги погоди раселените цивили кои се движеа кон јужниот дел на Газа

Latest from Blog

Муцунски вечер во Охрид ќе го пречека албанскиот министер за надворешни работи Хасани

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски вечерва во Охрид ќе го пречека албанскиот министер за надворешни работи Игли Хасани. Муцунски денеска е во работна посета на Хаг, каде ќе

Зајдисонце во Трабзон

ТРАБЗОН (АА) – Црвенилото на небото од зајдисонцето во Трабзон и џамијата „Аја Софија“ создадоа прекрасна слика во оваа турска област, известува Анадолу. Зајдисонцето во Трабзон создава прекрасна глетка на градот и

Во Русија беа откажани 485 лета во текот на викендот поради напади со беспилотни летала

МОСКВА (АА) – Во Русија се откажани 485 лета, а приближно 1.900 летови се одложени поради нападите со беспилотни летала извршени од украинската армија во текот на викендот, известува Анадолу. Во соопштението

Започнува јулското заседание на Европскиот парламент, на агендата е и Извештајот на европратеникот Томас Вајц за Македонија

Во Стразбур од денеска до четврток ќе се одржи заседание на Европскиот парламент, на чиј дневен ред покрај други теми, како приоритетите на Данско претседавање со Советот на ЕУ, трговските преговори меѓу
Go toTop