Абази: Од сите страни пристигнуваат информации за коруптивното поведение на кадрите на Ахмети и Села

September 14, 2024
1 min read

Вчера објавивме информации за тендерите кои фамилијарно поврзаната фирма на пратеникот Елми Азири ги добила од Државна Лотарија. Денес продолжуваме со нови скандалозни информации кои дополнително ќе потврдат дека ДУИ ги користеле народните буџетски средства како приватно чекмеџе за остварување политичко влијание, обвинува Бујаре Абази од Коалиција ВРЕДИ.

-Во мрежата на главниот извршител Артан Груби се фаќале сите политичари кои ја сфаќаат политиката и како можност за лично и фамилијарно богатење. Фирмата РИТРОН КОПИ ДООЕЛ увоз-извоз Куманово, чиј сопственик е внук на сопругата на пратеникот Елми Азири, во период од 9 месеци, сметано од јуни 2021 до март 2022, добила два тендера од Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците на чие чело беше Артан Груби, главниот логистичар на Али Ахмети. Овие два тендера се однесуваат на набавка на информатичка опрема и нивната вкупна вредност изнесува 2 милиони и осумстотини илјади денари. Ова е втора државна институција под команда на Артан Груби од која истата компанија добила тендери, вели таа.

Абази понатаму посочува: „Без да навлегуваме во професионалноста на деловното работење на фирмата
РИТРОН КОПИ ДООЕЛ увоз-извоз, не може да сметаме дека е случаен избор на Прпарим Бајрами и Артан Груби, токму фирмата на внукот на пратеникот Елми Азири да има најповолни понуди за да ги добива тендерите“.

-Од сите страни пристигнуваат застрашувачки информации за коруптивното поведение на кадрите на Али Ахмети и Зијадин Села. Наша обврска е да ги споделуваме со јавноста Интересно е да видиме како раководството на таканаречениот Европски Фронт ќе му објаснува на своето членство зошто само одредени луѓе можеле да ги чувствуваат бенефициите од власта. Утре продолжуваме, велат од ВЛЕН.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Шпајх: Македонците со право се фрустрирани од ЕУ

Следно

Дурмиши со нови изговори : За да се зголеми минималната плата мора да се слушне гласот и на бизнис секторот

Latest from Blog

Руски шпионски сателити ја снимале базата на „забранетиот остров“ – „АКО ГО НАПРАВАТ ТОА ТРИ ПАТИ, ЗНАЕМЕ ШТО СЛЕДИ!“

По обидот за ирански напад, Русија ја фотографирала базата на „забранетиот остров“ Диего Гарсија, кој се наоѓа на островите Чагос, јавуваат украинските разузнавачки служби, пишува The Telegraph. Вододимир Зеленски, претседателот на Украина,

Во Париз одбележани 95 години од смртта на д-р Атанас Коцарев, истакнат македонски онколог

Во организација на здружението „Заборавени Македонци“ од Париз и париската општина Бонди денеска на старите градски гробишта се одржала комеморација за истакнатиот македонски онколог и светски признат научник охриѓанецот д-р Анастас Коцарев

Алиу: Со законски измени ја враќаме одлуката за дарување органи кај граѓанинот

Министерот за здравство Азир Алиу преку својата последна колумна порачува дека претстојните законски измени во областа на трансплантацијата имаат за цел да ја вратат личната одлука таму каде што ѝ е местото
Go toTop