Абас во Анкара: Газа е составен дел од палестинската територија

March 6, 2024
1 min read

АНКАРА (АА) – Газа е составен дел од палестинската територија и невозможно е на кој било начин да се прифатат плановите на окупаторската држава, порача палестинскиот претседател Махмуд Абас на заедничката прес-конференција одржана по средбата со претседателот Реџеп Таип Ердоган во Анкара, јавува Анадолу.

Тој ја изрази својата благодарност до Туркије за нејзината континуирана поддршка за Палестина.

„Мора да се засилат напорите за да ѝ се обезбеди меѓународна заштита на Палестина“, рече Абас.

Палестинскиот претседател истакна дека и тие сакаат оваа заштита да се реализира.

Абас ја изрази својата искрена благодарност за помошта што Туркије ја испрати до палестинскиот народ и народот во Газа.

„Туркије на основа на братството со народот на Палестина и историската одговорност на најдобар начин ги извршува своите одговорности“, порача палестинскиот претседател.

Напоменувајќи дека повеќе од 120.000 Палестинци во моментов се повредени и мртви, Абас рече: „На ист начин, Израел продолжува со своите злосторства и масакри на Западниот Брег.“

Наведувајќи дека Израел „продолжува со своите непромислени напади“ на окупираниот Ал-Кудс (Ерусалим) и на Западниот Брег, покрај нападите во Газа, Абас рече дека продолжуваат и нападите на еврејските доселеници.

Наведе дека треба да се организира меѓународна мировна конференција и да се усвои мапата на патот.

„Не прифаќаме депортација на палестинскиот народ од Газа и Западниот Брег. Израел, од друга страна, се обидува да го реализира овој проект со уништување. Газа е составен дел од палестинските територии и невозможно е на кој било начин да се прифатат плановите на окупаторската држава“, истакна Абас.

Порача дека мирот и безбедноста се можни со крајот на израелската окупација.

Абас додаде дека „довербата, стабилноста и добрососедските односи може да се постигнат“ во регионот со ставање крај на израелската окупација.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Бугарскиот премиер Денков поднесе оставка

Следно

Бајден и Трамп постигнаа победи на „супервторник“, се поизвесна е реприза на изборите од 2020 година

Latest from Blog

Стоилковски: И покрај фаталните грешки, лекцијата во СДС не е научена

На телевизија Алфа во емисијата „Вечерното шоу на Богдан Илиевски“ гостуваше Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ кој дискутираше за евроинтегративниот пат на Македонија и блокадите од страна на Бугарија, се вели во соопштението

Проданоски: Засадени 6.000 дабови садници на Маркови Кули: Голема еколошка акција во Прилеп

Голема акција за пошумување беше реализирана на локалитетот Маркови Кули во Прилеп, каде во рамки на проект финансиран од Бирото за регионален развој беа засадени вкупно 6.000 садници на даб. Акцијата се

Велбек го „угаси“ Ливерпул

Во првиот дуел од денешната програма во Премиер лигата, тимот на Брајтон со двата гола на Дени Велбек на свој терен успеа да го победи со конечни 2:1, тимот на Ливерпул, и
Go toTop