Абас: „Израел и сите кои го поддржуваат се целосно одговорни за убивањето на секое дете, жена и Палестинец“

November 11, 2023
1 min read

РИЈАД (АА) – Палестинскиот претседател Махмуд Абас ги повика Соединетите Американски Држави (САД) и Советот за безбедност на Обединетите нации (СБОН) да ги исполнат своите одговорности во врска со Палестина и да ги запрат израелските напади врз Појасот Газа, јавува Анадолу.

Абас имаше обраќање на вонредниот заеднички самит на Организацијата за исламска соработка и Арапската лига, кој започна во Ријад, главниот град на Саудиска Арабија.

Истакна дека Израел ја елиминирал можноста за дводржавно решение, дека ја имплементирал изградбата на еврејски населби на Западниот Брег и во Кудс (Ерусалим), анексијата, етничкото чистење, политика на дискриминација и блокада на Појасот Газа.

Тој нагласи дека нема да ги прифати воено-безбедносните решенија што ги спроведува Израел и дека нема да преговара за легитимните права на палестинскиот народ.

Наведе дека Појасот Газа е составен дел од палестинската држава и дека треба да се воспостави сеопфатно политичко решение на сите палестински територии, вклучително и Кудс и Појасот Газа.

Абас го повика Советот за безбедност на ОН да го одобри полноправното членство на палестинската држава во Обединетите нации (ОН), да обезбеди меѓународна заштита на палестинскиот народ и да биде гарант за дводржавното решение кое предвидува воспоставување независна и суверена палестинска држава со Источен Кудс како главен град.

Исто така, нагласи дека Палестинската ослободителна организација (ПЛО) е единствениот легитимен претставник на палестинскиот народ.

Напоменувајќи дека меѓународната заедница треба да ги поддржи институциите на палестинската држава да ги исполнат своите должности на сопствена територија и да го обноват Појасот Газа, Абас ја истакна важноста од обезбедувањето ресурси за јакење на палестинската економија.

Палестинскиот претседател нагласи дека палестинската држава ќе се бори на „окупаторите да им се суди пред меѓународните судови“.

„Израел и сите кои го поддржуваат и штитат се целосно одговорни за убивањето и ранувањето на секое дете, жена и секој Палестинец“, рече Абас.

Тој ги повика САД да преземат одговорност и да интервенираат за да се запрат израелските напади.

„Ние ја поседуваме оваа земја, Ал Кудс и светите места. Палестинското знаме ќе остане високо и окупацијата ќе биде елиминирана“, додаде Абас.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

(ВИДЕО) Сакам ти да ми бидеш мајка – сторија за згрижувачките семејства и згрижените деца

Следно

Средба на Лога со Хајрулаи од скопското Вишо јавно обвинителство

Latest from Blog

Касами најави нова фаза во ВЛЕН по распуштањето на партиското раководство на БЕСА

Централното собрание на Движењето Беса со мнозинство гласови донесе одлука за распуштање на Централното претседателство на партијата, во рамки на процесот за спојување на коалицијата ВЛЕН во еден политички субјект. Претседателот на

Руте: Земјите членки на НАТО постигнаа напредок во вложувањето во одбраната

Генералниот секретар на Северноатлантската алијанса, Марк Руте, по завршувањето на денешниот состанок на министрите за одбрана во Брисел, изјави дека земјите членки на НАТО постигнаа напредок во вложувањето во одбраната, неопходна за

Премиерот Мицкоски ќе присуствува на 62-та Минхенска безбедносна конференција

Од утре 13.02.2026 година (петок) претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски заедно со министерот за одбрана Владо Мисајловски, министерот за надворешна политика и надворешна трговија Тимчо Муцунски и министерот за

Од утре Мицкоски во Минхен на безбедносната конференција: во фокусот, геополитичката стабилност и улогата на Македонија како столб на стабилност во Западен Балкан

Oд утре (петок) премиерот Христијан Мицкоски заедно со министерот за одбрана Владо Мисајловски, министерот за надворешна политика и надворешна трговија Тимчо Муцунски и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски ќе биде во
Go toTop