АБА лигата ќе се прошири

June 19, 2025
1 min read

Собранието на регионалната кошаркарска АБА лига попладнево објави дека е донесена одлука за проширување на лигата и поделба на профитот за сите клубови, додавајќи дека, според претходната одлука, лигата ќе може да има максимум 20 клуба од сезоната 2025/26.

Во овој контекст, Собранието усвои јасни насоки и одлуки во врска со доделувањето на „вајлд карти“ (покани) на клубови надвор од регионот, врз основа на кои ќе продолжат преговорите со сите заинтересирани страни, со цел што поскоро да се финализира списокот на учесници за сезоната 2025/26.

„Врз основа на одличните деловни резултати, Собранието на АБА лигата донесе едногласна одлука за рамномерна распределба на профитот меѓу сите членови на друштвото. Оваа одлука дополнително ја потврдува позицијата на АБА лигата како уникатен спортски и деловен проект во регионот и пошироко“, се наведува во соопштението на официјалната веб-страница на лигата.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Путин му се заблагодари на Ердоган за преговорите во Истанбул, ја нагласи улогата на Турција во посредувањето

Следно

Сончево и топло време, попладне нестабилно со дожд, грмежи и ветер

Latest from Blog

По смртта на тинејџерот бројот на жртви во пожарот во Швајцарија се искачи на 41

Почина осумнаесетгодишно момче кое беше повредено во пожарот во барот во Кран-Монтана, соопшти денеска швајцарската новинска агенција Keystone-SDA, повикувајќи се на обвинителството. Младиот швајцарски државјанин починал во болница во Цирих. Со неговата

До 5 февруари пријавување за субвенциониран студентски оброк

Министерството за образование и наука ги информира студентите дека рокот за пријавување за правото на субвенциониран студентски оброк за академската 2025/2026 година трае од денеска до 5 февруари 2026. -Правото на субвенциониран

Реформи во јавната администрација

Непотизам, партиски или етнички клуч при вработувањето во јавната администрација ја прави неефикасна и неквалификувана да ги услужи граѓаните. Ова е стара болка на администрацијата која со долготраен процес почна да се

Сообраќајот на патиштата по влажни коловози, на повисоките места со мали остатоци од кашест снег

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, на некои повисоки места во западните и југозападните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот, соопшти
Go toTop