А што па Евреите не остават да бидат убиени?

October 18, 2023
2 mins read

Да видиме дали го сфаќам ова како што треба. Ако Израел бомбардира цели на Хамас во Газа, со тоа безумно загрозува цивилни животи. Ако им даде фер предупредување на цивилите да се оддалечат од одредени области, тоа е етничко чистење. Ако фрла бомби во населените предградија, прави воени злосторства. Ако ги советува цивилите да ги напуштат тие населени предградија пред да стигнат бомбите, и тоа воено злосторство. Ако го нападне северниот дел на Газа, тоа е геноцид. Кога им кажува на цивилите од северна Газа на време да заминат, тоа е „присилен трансфер“, што значи: геноцид.

Сè што прави Израел е воено злосторство. Сè. Убивање цивили – воено злосторство. Обид да не се убиваат цивили – воено злосторство. Бомбардирање на населени места – воено злосторство. Давање време на населението да си замине пред да фрли бомби – воено злосторство.

Израел, сфаќаш? „Казни ги“ Палестинците и злосторник си. Направи сè што можеше за да се избегне „казнување“ на Палестинците, повторно си злосторник. Почнувам да посакувам оние што го мразат Израел на сиот глас да го кажат она што го мислат: „Евреи, дозволете да ве убијат. Не возвраќајте. Не правете ништо“.

Со оглед на израелофобната кратковидост на западните културни елити, предвидливо беше дека Израел ќе биде осуден во првиот момент кога ќе преземе акција против неофашистите кои штотуку го извршија најлошото антисемитско дивјаштво од Холокаустот. Човек мора да се запраша каков е тоа пореметен закон кој ги спречува жртвите на расистички масакр да ги гонат своите убијци. Војната е мир, слободата е ропство, евакуацијата е уништување. Еш Саркар вели дека евакуацијата е „Втора Накба“. Норвешкиот совет за бегалци, евакуацијата ја осудува како присилен трансфер, што – погодувате – е воено злосторство. Мора да е. Израел го прави.

Евакуацијата е дел од секоја војна. Војните секогаш предизвикуваат бранови бегалци. Само кога станува збор за војна во која е вклучен Израел, евакуацијата станува „присилен трансфер“. Неизбежното создавање бегалци станува „етничко чистење“. Движењето на луѓето подалеку од уништувањето станува обид за уништување на тие луѓе. Ете кај сме: да не се убиваат луѓе сега е геноцид, ако државата што не ги убива е Израел.

Директна лага е да се каже дека Израел спроведува етничко чистење во Газа. Етничкото чистење е насилно протерување на етничко малцинство од страна на доминантното мнозинство решено да ужива хомогеност. Нема ниту трошка доказ дека тоа е намерата на Израел со евакуацијата на северна Газа, не постои ништо што би сугерирало дека Израел никогаш повеќе нема да дозволи овие луѓе да се вратат, освен ако не сте задоени со идејата за „подмолниот Евреин“ кој под превез на воена евакуација, планира да избрише цела етничка група.

Живееме под културна елита која гледа геноцидни намери таму каде што ги нема, и ги игнорира таму каде што ги има. Многу малку од разбудените коментатори и агитатори кои сега чкрипат со забите отворено би ја осудиле геноцидната природа на идеологијата на Хамас, група чија основачка повелба ја обврзува на „борба против Евреите“ а нејзините функционери ги тераат луѓето да им ‚сечат глави на Евреите‘. Група чии терористи – да, Би-Би-Си, терористи – заклаа повеќе од илјада луѓе во саботата на 7 октомври само затоа што се Евреи во Израел. Ама кога еврејската држава ќе каже: „Нема да го толерираме ова расистичко дивјаштво“, тоа веќе е геноцидно.

Ужасно е што загинаа деца во Газа. Затоа некои од нас веруваат дека САД, ОН и Британија треба да вршат огромен притисок врз нивните тирански сојузници во Египет, на Синај да се изградат добро опремени бегалски кампови, одобрени од Црвениот крст, каде што луѓето од Газа би можеле да се засолнат. 

Западните хејтери на Израел не можат да видат за што овде се работи. Ова е нешто повеќе од Блискиот Исток. Станува збор за тоа дали сме подготвени да застанеме против силите на неразумноста и антисемитизмот и за вредностите на слободата и пристојноста. Дали сте за цивилизација или за варварство – тоа го бараа од сите нас ужасните настани од минатата сабота. Многумина даваат погрешен одговор.

Брендан О’Нил

ИЗВОР: off.net.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

„Чуварите на формулата“ на Драган Бјелогрлиќ вечерва го затвора МФФ Киненова

Следно

Израелска војска: Болницата во Газа беше цел на „Исламски џихад“, имаме докази

Latest from Blog

Свештеникот упати трогателна порака до трите мали деца на Жота на неговиот погреб

Жота и неговиот брат загинаа во сообраќајна несреќа што се случи по полноќ во четвртокот, кога автомобилот од марката Ламборџини излета од патот и се запали. Браќата беа погребани денеска во родниот

ЕУ подготвува опции за санкции додека притисокот врз Израел расте

ЛОНДОН (АА) – Европската Унија се очекува да претстави серија можни казнени мерки против Израел следната недела како одговор на неговите дејствија во Газа, иако поделбите меѓу земјите членки го прават нивното

Градежни работи на автопатот Кичево – Охрид, жителите се жалат: Немаме пристап до селото

Градежни работи на автопатот Кичево–Охрид предизвикуваат револт кај жителите на околните села. Жителите кои живеат во близина на делот каде што се изведуваат работите се жалат дека им се блокирани пристапите до

Тамара Котевска го започна снимањето на „Човек против јато“ во штипскиот крај

По успехот на документарецот „Медена земја“, номиниран за два Оскари во 2020 година, режисерката Тамара Котевска се впушти во својот прв долгометражен игрален проект „Човек против јато“, чија главна снимачка локација се

Повторно карамбол на Партизанска: тројца млади повредени, штета од 200 илјади денари

Тројца млади скопјани се здобија со телесни повреди во сообраќајната несреќа што се случи во петокот, 4 јули, околу 23:25 часот на крстосницата меѓу булеварот „Партизански одреди“ и улицата „Лондонска“. Според информациите
Go toTop