А можело да се застане на пешачки, а?

April 4, 2024
1 min read

Кампањата е дело на групата Вижн зиро Ванкувер, која се бори за инфраструктурни надградби со цел намалување на бројот на загинати и повредни во сообраќајот на нула.

Како дел од кампањата групата на неколку пешачки премини низ градот поставува корпи со гумени цигли, над кои стои натписот „Биди виден, земи цигла.“

„Целта е исмевање на идејата дека треба да е обврска на пешакот да моли за безбедно минување преку улица. Можеме и подобро од тоа.

Вистинската порака е дека мора да поставиме инфраструктура за смирување на сообраќајот која ќе ги успори автомобилите и ќе се осигура дека луѓето можат безбедно да минат преку улица без разлика дали се облечени на некој начин (рефлективни елеци) или имаат нешто со што да мавтаат,“ објаснуваат од Вижн зиро.

Само во Лоуер меинленд регионот на Британска Колумбија годишно во просек се убиени 33 пешаци а над 1.742 се ранети во сообраќајни несреќи.

ИЗВОР: off.net.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Почна кампањата за претседателските избори што ќе се одржат на 24 април

Следно

Веќе не се кријат: Ова е новото момче на Шакира, позгоден е од Пике (ФОТО)

Latest from Blog

Битола високо рангирана во проектот „Заедници со интегритет“, потенцира Коњановски

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, присуствуваше на значаен состанок организиран од Националниот демократски институт (НДИ), посветен на зајакнување на интегритетот на институциите и борбата против корупцијата на локално ниво. Настанот се
Go toTop