(ВИДЕО) Во потрага по Албанците со бугарска самосвест во струшко Лабуништа

February 21, 2023
4 mins read

Во Лабуништа нема Бугари, туку само по некој жител што извадил бугарски пасош за да оди на гурбет, тврдат жителите на струшкото село – прво со мнозинско население кое се декларира како албанско, а каде што е регистрирано Здружението на Бугарите „Шемето“

Претседателот на здружението, Бекир Кадриевски, вели дека жителите не знаат за здружението бидејќи не слушнале многу за него досега. Според него, нема ништо контрадикторно во фразата ,,Албанци со бугарска самосвест”, бидејќи постоеле ,,Македонци со српска самосвест” и ,,Албанци со американска самосвест”

Лани било формирано уште едно здружение на Бугарите во земјава, се расчу на почетокот на месецов. Но, „Шемето“, како што е крстено здружението по маалото во селото Влахи во кое е роден револуционерот Јане Сандански, стана популарна вест зашто е прво по една работа – имале средби со Албанци со бугарска самосвест.

Додека дел од медиумите останаа на подбивањето, „360 степени“ реши да го посети здружението. Според податоците во централниот регистар – тоа е регистрирано во селото Лабуништа, Општина Струга.

А, во Лабуништа, според последниот попис, живеат 6 739 луѓе. Најголемиот дел – 4 751 се декларираат како Албанци. Следуваат Турците – 836, па други неспоменати 452. Дали меѓу нив има и Бугари, нема информација.

Патот прво нè одведе на сретсело за да се распрашаме – каде се наоѓа бугарското здружение „Шемето“?

Јас колку што знам не е регистриран на Бугарите, тек тук луѓе се некој, поединци се колку што знам јас.

Седиштево е во Лабуништа, дали знаете вие?

– Јас да ти кажам правo знам дека некој се упатени по таа работа иначе тотално да ви кажам не знам“.

вели жител на Лабуништа.

„Не знам, не сум информиран, иначе да имаа бугарски пасоши, си имаат“.

рече еден жител на Лабуништа.

Не, не, Лабуништа здружение нема бугарско, немаме видено бугарско и немаме чуено. А некој член можда пак некаде зашто не не тоа незнеш што. Иначе мие сè ова што сме друго не можеме да бидеме све да се правиме ова што сме друго нема да бидеме“.

вели жител на Лабуништа.

Бидејќи селаните не знаеја дека во селото има седиште или простории на здружението, се обидовме да го лоцираме преку податоците достапни на интернет. Заѕвонивме на бројот оставен на веб-страницата на „Шемето“, кој патем е со бугарски префикс.

„Да.

Добар ден

– Добар ден.

Здружение на Бугарите во Македонија „Шемето“?

– Да, да

На телефон е Хекуран Акифи, новинар од „360 степени“ емисијава, ние сме во село Лабуништа, дали би можеле да се видиме, ве бараме за интервју?

– Добро, може, ама не знам дали претседателот е таму, за кратко ќе ви ѕвонам на телефон“.

телефонски разговор со здружението „Шемето“.

Додека го чекавме повратниот повик, продолжи и разговорот со селаните на тема етнички идентитети во селото.

Бугари ич нема, фалц бугари. Тие се сите за горе за работа инаку не се Бугари“.

рече жител на Лабуништа.

„- Тука што има повеќе?

Овде Албанци се сите и Турци има нешто и некој луѓе се декларират и како Торбеши.

– Ова село сè има“.

додаде друг жител на Лабуништа.

Објаснувајќи им на селаните кој сè е меѓу основачите на „Шемето“, ни посочија дека човек со такво име и презиме седи во близок локал. Му пријдовме, но тој не сакаше да зборува.

И додека сè уште бевме во Лабуништа, заѕвони телефонот. Конечно стапивме во контакт со Бекир Кадриевски, првиот човек на здружението. Но, тој не беше во роднотo Лабуништа, туку во Струга. По кратко убедување, договоривме разговор, под услов да дојдеме во градот.

Место за средба беше кафуле близу спортскиот центар. Независно од ставовите на своите соселани, тој лично се декларира како Бугарин со исламска вероисповед, односно помак, и вели дека не е единствен.

За тоа дали слушнале или не, не можам да потврдам, бидејќи не беше толку во јавност досега. Сега оваа недела излегоа работите малку така. Кога не слушнале и народот не сака да се искаже тоа, а ние имаме доста членови, симпатизери и поддржувачи од Лабушништа, Боровец, Подгорци, од сите села наши каде што се помаците, па и од другите села. Без разлика на национална определба“.

вели Кадриевски.

Во разговорот, природно се наметна темата за тоа дека здружението очекува идни членови Албанци со бугарска самосвест, како што пишува на веб-страницата. Како е можно да се биде и едното и другото?

Па, не мислам дека е контрадикторно затоа што барем некои работи Европа нè научи на тие работи. Значи, ние имаме тука Македонци со српска самосвест, кој го кажал тоа. Имаме Албанци со америчка самосвест, зошто ова да му смета на некој? Значи тоа е демократија. Во таа демократија ние сакаме што поскоро да влеземе и сега кому тоа му смета не знам ни самиот“.

рече Кадриевски.

Имајќи ги предвид тврдењата на селаните дека има поединци во местото кои пред сè помагаат за вадење бугарски пасоши, прашавме – дали помага и за таа работа?

„Нема врска, секој сам си помага. Ние не сме тие што помагаме, туку луѓето се тие што бараат и што си помагаат. Луѓето тоа што си го бараат, ние можеме да… ние сме здружение надвор од тие работи, тие се други работи, ние сме само здружение, друго ништо. Во оваа година тука нè посетија преку 1200. Не беа тие само од Република Бугарија, беа од секаде во светов. Значи нè посетуваат како здружение. Тука не можеме да навлеземе кој што бара и што сака. Значи тој што бара нешто, ќе си го добие. Тој што не го бара, не мора да го добие и не треба да го добие“.

додаде Кадриевски.

И додека Кадриевски не признава дека посредува за пасоши, од интернет-страницата на „Шемето“ може да се заклучи дека организацијата посредува во други активности. Обезбедување работа во Бугарија, како и бесплатно студирање на тамошните државни факултети.

А Кадриевски, сепак, не е сам. Активна улога во активностите на „Шемето“ има бугарскиот државјанин Живко Чакракчиев – поранешно воено лице и разузнувач. Според неговите профили на социјалните мрежи, освен поддршка на правата на Бугарите во Македонија и пошироко, јавно покажува и силна поддршка за руската држава и нејзиниот лидер – Владимир Путин.

Далеку се тие теми во секојдневието на Лабуништа. Но, ете, без да знаат жителите, стигнале и во нивното село.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Како да ја хакнете својата чинија

Следно

Кинескиот претседател можеби ќе ја посети Русија

Latest from Blog

Пленковиќ: Имав многу добар разговор со Трамп

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ имал телефонски разговор со новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, кому му честитал за реизборот, објави премиерот на X. – Само што имав многу добар разговор со Доналд Трамп

НБА: Ванвлит казнет со 50.000 долари

Кошаркарот на Хјустон, Фред Ванвлит (30) е казнет со 50.000 долари поради непримерно однесување кон официјалните лица на натпреварот против Портланд, објави вечерва НБА лигата. Ванвлит доби техничка грешка во последните моменти

Доне Таневски продаде голем удел од акциите во „Македонија турист“ – „Скопски пазар“ на Фатмир Етеми ја зацврстува позицијата на втор најголем акционер

Доне Таневски, најголемиот акционер во хотелската групација „Македонија турист“, го намали својот удел од 23,4% на 17,72%, по продажбата на 25.669 акции. Македонска берза ја потврди продажбата, при што Таневски сега поседува

Костадинов: Горд сум што мојот предлог доби преубава реализација

Секој еден градоначалник и политичар треба најпрвин да биде човек, а потоа се останато, напиша градоначалникот на Општина Струмица, Костадин Костадинов, на својот фб профифл. Многу сум радосен за прекрасниот почеток на
Go toTop