Претреси во Скопје, лишени од слобода дилери на дроги и оружје

January 18, 2025
1 min read

На 18.01.2025 од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција-Сектор за недозволена трговија со дрога и оружје- Единица за недозволена трговија со дрога, во содејство со Единицата за недозволена трговија со дрога при СВР Скопје, Одделение за потраги и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, постапувајќи по наредби на јавен обвинител од ОЈО Скопје, презедоа координирани мерки и активности со цел сузбивање на продажба на наркотични дроги и лишување од слобода на лица за кои постојат докази за инволвираност во продажба на наркотична дрога. На подрачјето на Скопје, врз основа на претходно издадени наредби од Основен кривичен суд Скопје, извршени се претреси на домови на неколку локации.                        

Извршен е претрес во дом на Н.З.(47) во Скопје, при што се пронајдени една пушка “црвена застава”, една ловна пушка, една воздушна пушка, еден тромболски додаток, пет цевки од огнено оружје, една цевка со механизам за окинување,  осум патрони за ловна пушка, куршум, делови од огнено оружје  и пет мобилни телефони. Н.З. е лишен од слобода и во текот на денот ќе биде поднесена кривична пријава  по брза постапка по чл. 396 од КЗ.
Извршен е претрес и кај А.А.(31)во Скопје и при претресот пронајдена е марихуана и мобилен телефон. А.А. е лишен од слобода, а претходно, во текот на истрагата се обезбедени материјални докази за вршење на кривичното дело по член 215 од КЗ.

Исто така, извршен е претрес кај Р.Ш.(33), за кого претходно биле распишани шест централни потерници и локален распис  поради бегство од затвор и за истраги за повеќе кривични дела.  При постапувањето на полициските службеници, Р.Ш. се дал во бегство, но по кратко време е пронајден и лишен од слобода од страна на Единицата за интерветна полиција. При претресот во неговиот дом и дворот на куќата пронајдена е марихуана и дигитална вага. По завршување на претресот лицето веднаш е  предадено во Затвор Скопје, а по документирање на случајот ќе биде поднесена и кривична пријава по чл.215 од КЗ.
Исто така, во соодејство со затворска полиција од КПУ Идризово извршен е претрес во КПУ Идризово,  во соба каде што издржува казна затвор Н.Ш.(45) од Скопје и при тоа во ќелијата пронајден е мобилен телефон кој го користел Н.Ш., а во другите простории кои ги користеле осудени лица биле пронајдени мобилни телефони.

Против Н.Ш. и А.А. ќе биде поднесена кривична пријава по чл.215 од КЗ,  по претходно обезбедени материјални докази за инволвираност во недозволена трговија со дрога.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Премиерот Мицкоски заминува на инагурацијата на новиот американски претседател

Следно

Остров Тумбату – Скриен рај на Занзибар што отвора врата кон традиционалниот живот

Latest from Blog

Муцунски: Македонија останува посветена на европскиот интегративен пат

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, одржа работна средба со амбасадорот на Европската Унија и амбасадорите на земјите членки на ЕУ, на која биле разгледани актуелните политички и реформски

Проданоски: Создаваме услови младите да останат и да се развиваат во Прилеп

Меѓународниот средношколски форум на економски училишта, организиран од СОЕПТУ „Кузман Јосифоски-Питу“ – Прилеп, претставува значајна платформа за отворање дискусија за улогата на младите во современото општество и важноста од нивно соодветно образование

Дали “новиот“ Ансу Фати е опција за Барселона?!

ФОТО:.facebook.com/fcbarcelona/ Ансу Фати сè уште не го кажал конечното „да“ на Монако, бидејќи се надева дека би можел да ја добие својата последна шанса во Барселона. Каталонски извори објавија дека Фати чека

Коњановски пред студентите во Битола: Вратите на Општината се отворени за младите

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, денеска се обрати пред студентите од Правниот факултет при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, на форум посветен на функционирањето на локалната самоуправа, предизвиците во работењето
Go toTop