ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да каже со што толку многу го задолжил Заев и зошто не сака и не смее да се извини за мегаломанскиот криминал на Груби

January 18, 2025
1 min read

Филипче да каже со што толку многу го задолжиле Заев и Груби што не сака и не смее да се огради и да се оттргне од Заев, се вели во партиското соопштение на владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

Филипче и СДС се заложници на Груби и не смеат да и се извинат на јавноста поради тоа што дозволија милионски криминал од Артан Груби. Филипче и СДС знаеја и молчеа додека Груби слободно ги крадеше народните пари. Филипче и СДС се соучесници во корупцијата, мегаломанскиот криминал и осиромашувањето на народот. Филипче и СДС не се извинуваат на граѓаните и се препелкаат во политичкото мочуриште затоа што се соучесници во епскиот криминал на Груби и ДУИ. Филипче и СДС месец дена го штитат Груби и тонат во политичкото мочуриште а рејтингот им се топи и е во слободен пад. Филипче и СДС дозволија Груби да краде само паради тоа што единствен приоритет им беше да останат на власт, истакнуваат од владејачката ВМРО-ДПМНЕ,

За СДС и Филипче терминот политичка одговорност е непознат, СДС е истата деструктивна партија која ја уништи државата и го осиромаши народот, како во времето на Ковачевски така и во периодот на Заев, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Хрватскиот вицепремиер кој пукаше од возило поднесе оставка

Следно

Нела Манчевска на само 13 години со музичкиот талент кој освојува Балканот

Latest from Blog

Британски дипломат протеран од Русија поради обвинувања за шпионажа

Доказите за шпионажа ги открила Московската агенција за безбедност и контраразузнавање, пренесуваат руските медиуми, при што на неименуваниот дипломат му е наредено да ја напушти земјата во рок од две недели. Британската

Министерството за правда и Управниот суд потпишаа Меморандум за соработка

Во пресрет на Денот на правосудството, Министерството за правда претставувано од министерот за правда Игор Филков и Управниот суд претставуван од претседателот на судот, Бурим Сејдини, потпишаа Меморандум со кој се воспоставува

Пред Велигден под лупа: Агенцијата за храна со засилени контроли на јајца, месо и бои

Во пресрет на велигденските празници и традиционално зголемената побарувачка на јајца, бои за јајца, месо и други прехранбени производи, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спроведува засилени контроли кај операторите со храна
Go toTop